30-ти роденден на Црна Гуја

15-ти јуни 1983-та почнува емитувањето на една од најлегендарните серии во историјата на телевизијата, серија која беше неповторливо поткована со ликови како Перси/Дарлинг, Болдрик, Џорџ, Црна Гуја, серија која им ги дава веројатно најдобрите улоги во кариерите на спектакуларните Роуан Аткинсон, Стивен Фрај, Хју Лори и Тони Робинсон.

Првата епизода од серијата има многу лош старт и слаба гледаност, понатамошниот тек е преплавен со проблеми во снимањето, неуспеси и случајни "чуда" кои ја спасуваат целата серија. Најголемиот сеир за Црна Гуја во тоа време е дека било шоу што изгледа како да е милион долари, а неговото снимање чинело милион фунти (во тоа време далеку поголема е разликата во курсот).

Во 1984-та со далеку помали рејтинзи од она што се очекувало за парите што ги дале за серијата, од БиБиСи решаваат да ја прекинат. Во 1985-та, во тимот доаѓа Бен Елтон, кој како дел од тимот сценаристи, решава да ја пресели серијата од Среден век во Елизабетанското доба. Тука серијата го покажува целиот свој потенцијал за феноменални дијалози, сатира и пребогато детални ликови.

Црна Гуја 2 го носи Црна Гуја Трети, сместен во периодот меѓу 1811-та и 1820-та, а по него следува четвртата сезона сместена во калта на рововите на Првата светска војна.

"Обидувајќи се да го соборат традиционалниот ситком, тимот - на чиј талент ниту една последователна генерација не успеа да му парира - создаде катедрала од комедија, робусна и создадена да трае," пишува критичарот за комедии, Доминик Кавендиш во својот текст во Телеграф.

Црна Гуја има 4 сезони и вкупно 24 епизоди (плус 3 специјални епизоди). Последната епизода на Црна Гуја се емитуваше на 2. ноември 1989-та.

Хју Лори за тоа како завршил во шоуто:

Клипови од серијата:

 

 

15 јуни 2013 - 14:22