Во просек стажантите во Гугл се платени по 5.800 долари, додека специјализираните програмери заработуваат и до 6.700 долари месечно.
Стажантите на пракса може да работат во најразлични оддели низ компанијата, од продажба на реклами и маркетинг, до програмери на некои од проектите на Гугл. Секој од нив е обврзан да остане во компанијата барем 3 месеци.
Слично на нив практикантите во Микрсофот и Амазон, земаат плата од околу 5.500 долари месечно, со тоа што за одредени позиции во Микрософт тие се платени и до 7.000 долари.
Според сајтот за следењето на задоволство од работа, Glassdoor, стажантите се и најзадоволни од својата пракса во Гугл, иако истовремено и интервјуто за влегување во компанијата го сметаат за најтешко.