Претходните истражувања на оваа тема беа далеку пооптимистични но последните наоди на тим од Универзитетот во Мичиген велат 33 проценти од луѓето не користат сапун а 10 проценти воопшто не мијат раце.
А баба му на Бане Бумбар одамна ја има кажано лекцијата; раце се мијат "пре јела и после пражнења тела".
Во однос на родовите разлики, мажите стојат далеку полошо од жените.
Бројките се изведени врз основа на опсервација на неколку илјади луѓе кои користеле јавни тоалети. проблемот е сериозен бидејќи 50 проценти од бактериски заболувања од храна можат да се препишат на нечисти раце.
Еден релевантен американски институт за хигиена вели дека за убивање на повеќето бактерии на рацете неопходно е тие енергично да се мијат меѓу 15 и 20 секунди. Луѓето во просек тоа го прават само 6 секунди.
Од другите детали: луѓето почесто го мијат рацете наутро отколку навечер, раскомотени на вечера во ресторан. И поретко решаваат да се замијат ако лавабото е нечисто.