Кога не би постоела сексуална селекција која мажите ја спроведуваат веќе илјадници години, и жените би можеле да се размножуваат во текот на целиот свој живот.
"Менопаузата се верува дека ја има само кај луѓето, меѓутоа никој до сега нема понудено задоволувачко објаснување зошто ова се случува. Како тоа еволуираш неплодност? Ова е спротивно на целата претстава за природна селекција. Природната селекција избира за плодност, за репродукција," објаснува професорот од канадскиот МекМакстер Универзитет, Рама Синг.
Досега најприфатена беше "теоријата на баба" според која жените еволуирале како дел од социјални групи во кои повозрасните жени соработуваат за да помогнат во издигањето на нивните внуци / внуки.
Во трудот на професорот Синг, објавен во журналот PLOS Computational Biology, се објаснува дека било важно жените да бидат плодни на млади години, меѓутоа не пречело ако подоцна станале неплодни, па затоа со тек на време почнале да се случуваат мутации кои довеле до менопаузата.
Професорот тврди дека ако менопаузата се развила со тек на време, таа може да биде свртена и да исчезне на истиот начин.