Иако некои научници предлагаа решенија како џиновски ѕидови кои би се кревале за време на поплави и механички би го затвориле Њујорк, беше избран план кој предвидува изградба на бројна нова инфраструктура.
Според планот треба да се изградат бариери што ќе ги заштитат предвидените центри за дистрибуција на храна. На Статен Ајланд предвиден е систем на трајни бедеми. Делови од брегот на Њујорк ќе бидат заштитени со камени или бетонски прегради, а дел ќе биде покриен со песочни прегради.
Планот предвидува дека за време на оваа бура да работат болниците и електраните. Најголемиот дел од болниците снемаа струја за време на Сенди бидејќи водата ја проби заштитата на нивните подруми, во кои беа сместени генераторите.
"Бурата беше поголема отколку кој било што можеше да предвиди. Решението е да се очекуваат поголеми поплави. Канцеларијата на градоначалникот призна дека 'до 2050-та нивото на морето ќе биде повисоко за 30 до 70 сантиметри. До 2080-та тие би можеле да пораснат за 140 сантиметри.'"
Клучен дел од планот е концептот на отпорност. Најголемиот дел од градот нема да биде направен да не се поплави, туку да биде поплавен без губење на животи и имот.
Како што објаснува авторот на Resilience, Ендру Золи, кога се создава град кој може да се врати од несреќа како Сенди, не е важно да се планира за конкретен настан, туку да се планира за која било катастрофална ситуација.
"Не е дека можеме да кажеме дека ако го направиме А, Б, В, тогаш ќе станеме отпорни. Не се работи за список на проблеми кои ги знаеме, туку за имање системи кои можат да се справат со работи кои не можеме да видиме дека доаѓаат. Постои ризик дека ние не ги ни знаеме ризиците."