Пред нас имаме сведоштво за една 7 годишна интензивна љубовна врска. Се запознале онлајн, потоа се слушале по телефон и по 6 саата на ден, заедно гледале филмови (истовремено ќе стиснат плеј па остануваат на телефон), четови, меилови.... едноставно, не можеле да се заситат еден од друг. Но, како што знаете, секоја вистинска љубов е тажна. Ја знаете од Ел.Орг "Ја не постојим, јер мене нема"? Е па, тоа.