Урбаната шума со храна за секого

Како би изгледало шума која е составена од најразлични овошки, која е сместена во вашето маало и од која можете без никаков проблем слободно да влезете и да си наберете што сакате. Баш ова го имаат во Бикон фуд форест во Сиетл.

 

Заедницата која го води проектот веќе има посадено околу 35 дрва, а има завршено и со средување на остатокот на земјиштето и поставување на системот за наводнување. Освен дрвата (сливи, јаболка и ореви) тие имаат засадено и малини, зеленчук и билки за зачини.

Според организаторот просторот би требало да биде отворен кон крајот на летово, а првите плодови се очекуваат следната година. Организаторите се надеваат дека посетителите ќе "практикуваат етичко собирање плодови."

Освен растенијата просторот вклучува и место за предавања, локација за скара и простор за рекреација.

Земјата која ја користат е донација од јавните служби на градот, а имаат добиено и грант од Сиетл во износ од 100.000 долари.

Неповрзано со овој проект, постои и веб-страна која ги мапира јавно достапните плодови во неколку држави. На списокот се околу 570.000 локации од кои најголемиот дел се поединечни дрва низ градовите.

11 јуни 2013 - 22:21