Фрлањето храна е и греота, и е неморално и е штетно по човекотовата околина и згора на сè, претставува огромно арчење питка вода.
Според Светскиот центар за ресурси, во оние 1,3 милијарда тони храна кои во светот секојневно се фрлаат е содржана една четвртина од водата која се користи во земјоделието. А тој сектор зема 70 проценти од целокупната употреба на водата на глобално ниво.
Во тежина, најмногу вода се фрла преку неискористениот зеленчук и овошје бидејќи тие содржат најмногу вода (кило брашно има 12 проценти вода, кило јаболка 80 %).
Најмногу вода троши местото кое го јадеме. За кило месо потребни се 8 до 10 пати повеќе вода отколку за кило житарици. За среќа, месото има одличен процент на искористеност па во светскиот контејнер на фрлена храна само 4 проценти од содржината е месо.
Каде оди водата која ја фрламе преку храната? Главно испарува, што значи се враќа во атмосферата, но не секогаш завршува во регионите на кои најмногу им треба.
Овде има табела која храна колку вода троши.