Витамини од шише и зошто не

По дефиниција витамините се неопходни за претворање на храната во енергија. Кога луѓето не добиваат доволно витамини, тие страдаат од болести како рахитис. Проблемот не е дали на луѓето им требаат витамини. Да, им требаат. Проблемот е колку им требаат и дали добиваат доволно преку храната.

Експертите за нутриционизам тврдат дека на луѓето дневно им се доволни витамините кои ги земаат преку исхраната. Производителите на витамини тврдат дека регуларната исхрана не содржи доволно витамини и дека повеќе витамини е подобро. Најголемиот дел од луѓето сметаат дека во најлош случај, вишокот витамини и не може да наштети.

Сепак излегува дека научниците со години знаат дека големите количини суплементи витамини можат да бидат штетни.

- Во истражување објавено во Журналот за медицина на Нова Англија од 1994-та, на 29.000 Финци пушачи им биле давани дневни дози на витамин Е, бета каротен, двете или плацебо. Истражувањето покажало дека оние кои земале бета каротен во период од 5 до 8 години било поверојатно да умрат од рак на белите дробови или срцеви заболувања.

- Две години подоцна истиот журнал објавува друга студија за суплементи витамини. Во неа на 18.000 луѓе кои биле пред зголемен ризик од рак на белите дробови заради изложеност на азбест или пушење, добиле комбинација од витамин А и бета каротен, или плацебо. Студијата била прекината кога се открило дека ризикот од смрт од рак на бели дробови бил 46% поголем кај оние кои земале витамини.

- Во 2004-та, анализа на 14 испитувања за Кокрејн датабазата открила дека дополнителните витамини А, Ц, Е и бета каротен, како и минералот селениум, кои биле земани за спречување на рак на цревата, всушност ја зголемувале смртноста.

- Друга анализа објавена во 2005-та, во Аналите на интерна медицина, открива дека во 19 студии на речиси 136.000 луѓе, суплементот од витамин Е ја зголемувал смртноста. Истата година, истражување на луѓе со васкуларни болести или дијабетес откриле дека витаминот Е го зголемувал ризикот од срцеви заболувања. А во 2011-та, истражување објавено од Американската медицинска Асоцијација го поврзува суплементот на витаминот Е со зголемен ризик од рак на простатата.

- Минатата година уште една анализа за Кокрејн откри дека "бета каротенот и витаминот Е исто така ја зголемуваат смртноста, а ова може да го направат и повисоки дози на витамин А."

 

Врската меѓу витамините суплементи и зголемената стапка на рак и смртност се сведува на - антиоксиданси.

Антиоксидансите се во постојана битка со оксидансите. Ова се случува во митохондријата, каде што телото ја претвора храната во енергија, просец за кој е потребен кислород (оксидација). Една од последиците на оксидацијата е создавањето на слободни радикали (генерално негативци). Слободните радикали можат да ја оштетат ДНК-та, мембраните на клетките и заштита на артериите, тие се поврзани со стареењето, ракот и срцевите заболувања.

За да се неутрализираат слободните радикали, телото создава антиоксиданси (генерално позитивни ликови). Антиоксидансите исто така можат да бидат најдени во овошје и зеленчук, посебно селениум, бета каротенот и витамините А, Ц и Е. Некои истражувања покажаа дека луѓето кои јадат повеќе овошје и зеленчук имаат пониска наклоност кон рак и срцеви болести, и живеат подолго. Логиката е очигледна. Ако овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси, а луѓето кои јадат овошје и зеленчук се поздрави, тогаш луѓето кои земаат суплементи антиоксиданси треба исто така да бидат поздрави.

Само што ова не работи на овој начин.

Обајснувањето е дека слободните радикали не се толку зли колку што ги зборат (тие и им користат на луѓето за убивање бактерии и елиминирање на нови канцерогени клетки). И кога луѓето ќе земат големи дози на антиоксиданси во форма на витамини суплементи, балансот на создавање и уништување на слободните радикали оди во корист само на едната страна, предизвикувајќи неприродна состојба во која организмот е помалку способен да ги убие штетниците. Истражувачите ова го нарекуваат парадоксот на антиоксидансите.

Бидејќи истражувањата на големи дози на суплементи антиоксиданси не ја поддржуваат јасно нивната употреба, организациите одговорни за јавно здравје не препорачуваат тие да се даваат на инаку здрави луѓе.

Во 1972-ра ФДА ( Food and Drug Administration) започнува со обидот да ја регулира количината на суплементи витамини од страна на обичните граѓани. Заради силното лобирање на производителите на витамини ова не успева.

"Како резултат на ова, потрошувачите не знаат дека земањето мегавитамини може да го зголеми нивниот ризик од рак и срцеви болести и да го скрати нивните животи. Тие не знаат дека премногу долго премногу страдале од добра работа."

via NYTimes

11 јуни 2013 - 18:41