Видеото составено од 10.000 RAW фотографии е дело на фотографот Роб Витворт, кој прави слични видеа низ повеќе азиски градови.
"Секој што го има посетено Хо Ши Мин, знае дека дел од магијата е сообраќајот во градот. Уште прв пат кога стапнав таму бев освоен од енергијата на градот. Тој се движи поинаку од се останато што сум видел до сега. Сакав да го снимам ова и да го споделам."
Иако сообраќајот низ целиот град се одвива некако природно (без илјадници сообраќајни знаци и правила), вистинската уметност е во функционирањето на неколкуте кружни текови ставени низ престолнината на Виетнам, чија задача е олеснување на гужвата.
Хо Ши Мин, поранешен Сајгон, има 6,65 милиони жители и се простира на површина од 2.095 километри квадратни.