Живот и забава

Русите живеат кратко зашто често прават "живели"

Заради масовната љубов кон националната пијачка, секој четврти Русин е во опасност да не поживее повеќе од 55 години.

Никој не чита вести

Микрософт решава да преброи колку луѓе читаат вести на интернет (вести според традиционална дефиниција). Примерокот им е 1,2 милиони Американци. Резултатот им е дека од нив само околу 50.000 (4%) се активни консументи на вести. Останатите 96% нашле нешто друго да читаат.

Лажен Нобел 2014

Бројни новински агенции и медиуми деновиве ја пренесоа веста дека двајца норвешки парламентарци го номинирале Едвард Сноуден за Нобеловата награда за мир. И двајцата преку ноќ станаа познати по вест која е - лажна.

Зошто мрсното е толку вкусно

Вкусот и мирисот ја добиваат целата слава кога е во прашање храната. Маснотиите со целата своја способност за создавање уникатни текстури - крцкави или кремасти - не добиваат ни приближно заслужено внимание.

Ако сакаш да си добар на работа, не одговарај на мејлови од дома

Без да знаете, а уште помалку да сакате смартфоните, ја имаат уништено границата меѓу работата и домот, и ова е лошо, не толку за вас, колку за работата.

Упатство за секс за мажи од Средниот век

По претпоставка дека живееш во 7-от век, си побожен маж (што е многу, многу веројатно) и запознаваш девојка. Последователно двајцата сакате да имате секс. Физички ништо тешко, теолошки доволно комплицирано за црквата да има упатство за тоа.

Принс од 22 фана бара 22 милиона

Принс тужи 22 интернет корисници меѓу кои добар дел сигурно се негови фанови и од секој од нив бара по еден милион долари затоа што му пиратирале снимки од концерти.

Мајки што го гледале Нимфоманка на Вон Триер

Син по професија филмаџија добива 3 влезници за претпремиера на филм на Санденс фестивалот, ама не се знае за кој филм. Со себе ги зема татко му и мајка му, и им објаснува дека гласините се дека ќе биде или Нимфоманка на Вон Тиер или новиот на Вес Андерсон. 50-50. За да биде комплетна семејната забава, се паѓа Нимфоманка. Еве како мајка му го доживеала филмот. (Веројатно има спојлери.)

Гаргара за инфаркт

Точно е дека антисептичните средства за испирање уста ефикасно ги убиваат бактериите, но, во масакрот паѓаат и оние кои ни го чуваат здравјето.

Апликација за самоуништување

Апликацијата речито говори за состојбите во модерниот свет. Не е проблем што луѓето се почесто стануваат говна кои би злоутребиле она што си им пратил, проблем е како технички да ги надитриш.

Игра на тронови 4, зад сцените

Сетови, костими, продукција, нови ликови, локации и сè останато од најновата сезона на Игра на тронови што треба да ве држи до 6-ти април. И Бриен од Тарт.

Некролог за една ракија

Оваа година ќе го прославеше 55-тиот роденден, а замина нечујно, скромно. Таква беше и на кафанската маса, затскриена меѓу „вињакот", „препеченицата", црногорската „лоза" и „виљамовката". Никогаш наметлива, секогаш присутна. Како цироза на црн дроб, би додале злобните апологети на прохибицијата.

Како да ја преживееш порно индустријата

Најголемите експерти за порно (секој ќе го препознае својот адут) седнаа да направат видео упатство за тоа како изгледа да се работи во нивниот еснаф.

Ужасот на снимање за Анимал планет

Смртни случаи, дрога и запоставување се само дел од проблемите на животните кои се појавуваат во реалните шоуа на Анимал Планет.

Диета "Затоа си сама"

Истражување меѓу жените на британскиот остров покажало дека во животот на една жена има двојно повеќе диети отколку љубовници. Не навлегуваме во причините на овој тажен сексуален скор, но факт е дека брзо се откажуваат, од диетата.

Путерот конечно победи

Најмалку 50 години, добриот природен путер се тепа со разно-разни негови алтернативи кои ветуваа дека се подобри и поздрави од него. Неговиот главен непријател, маргаринот, потпиша капитулација. 

Што има во гумените бонбони?

"100 посто течност. Запаллива течност. НАПАЛМ!" Оваа и слични рецензии кои можат да се најдат на Амазон се далеку поостри од официјалното Харибо предупредување дека бонбоните можат да ви го вознемират мешето.

Раката е мерка на задоволството

Димензиите на вашето секојдневно хедонистичко уживање во убавините на овој живот се наоѓаат во вашата дланка. Не, сепак не зборуваме за тоа.

Мршојадци со добро око

Контроверзи околу оваа фотографија имаше уште кога победи на еден меѓународен натпревар. Нова фотографија од истото место, снимена од друг агол, додава дополнителен чемер околу приказната.

Пушењето е полошо отколку што претходно се мислеше*

Њујорк Тајмс објави список на нови болести со кои од сега па натаму ќе може да им се качувате на глава на пушачите. Меѓу нив - дијабетес, импотенција и рак на црниот дроб.

Тетоважите што им помагаат на преживеаните од рак на дојка

Заради ракот на дојка, Моли Ортвејн прави двојна мастектомија, по која има лузни на градите. Решава да направи и реконструкција на градите. Со ова почнува и приказната за студиото за тетоважи Персонал Инк.

Ханибал Лектор не е психопат, ама за тебе никој не гарантира

Како дел од подготовките за своите предавања по психијатрија, универзитетски професор гледа околу 400 филмови со психопати и прави дијагноза на секој од филмските негативци. Резултат, едвај можеш да најдеш асолен психопат во филмовите.

Големата чистка на банкарите на Папата

Актуелниот Понтиф вчера реши да отпушти четворица од петте кардинали кои Папата Бенедикт XVI-ти ги назначи за управување со Банката на Ватикан. Претходната постава беше избрана лани, за мандат од 5 години.

Прељубници, холивудска верзија

Замислете ја следнава сцена: Двајца пријатели вечераат во ресторан. Добиваат дојава дека жената на едниот, таму и таму, се кова со швалер. Упаѓаат во кола и со фото апарати одат да ја фатат во живо. Пријателите се викаат Френк Синатра и Џо ДиМаџио, таа е Мерилин Монро.