Живот и забава

Идол vs. Икс-Фактор vs. Воис vs. Талент

Овие четири програми моментално се најскапо платените реални шоуа во САД според платите што ги земаат нивните учесници. Единствено реално-шоу што им се меша во рангирањето со парите се Кардашијан.

Нејќе гром во Американец

Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови.

Екс-вегетаријанци за моментот кога пак пробале месо

Нова година е редовниот период за давање ветувања пред самиот себе кои никогаш нема да бидат исполнети. Дека прекршувањето на зборот не е толку лошо (а некогаш може да биде и фантастично добро) покажуваат сведоштва на неколку вегетаријанци кои решиле да се вратат кај месојадите.

Хармониката станува кул

Освен во крајпуташките балкански крчми каде што сè уште жилаво се држи, хармониката е во дефанзива уште од раните 60-ти години на минатиот век, кога ја убија Битлси и слични дрогераши со гитари. Но, во последно време повторно станува кул, а влегува и во рокенрол халата на славните.  

Банкари со обврска за слободен ден

Откако на работа им умре 21-годишен приправник, Банката на Америка Мерил Линч воведе ново правило со кое бара од сите вработени на ниските нивоа да користат барем четири слободни дена од викенд месечно.

Од шамија до чаршаф

Покривање на главата или лицето на јавни места се смета за битен знак на муслиманскиот идентитет на жените. Но, колку и колкава покриеност е прифатлива во различни муслимански држави?

Критична маса картон

Картонски кациги се новата надеж за чување на главата на велосипедистите. Инспирирани од клукајдрвецот а изработени како кај пчелите.

Како Бред Пит помогна без да знае

Белгиска непрофитна организација на тема борба против ракот на дебелото црево, испраќа писмо до Бред Пит по повод неговиот 50-ти роденден (да да, толку има човекот) во која јавно го предупредува каква опасност го чека како маж на 50 години. Резултат, внимание што никогаш не го очекувале.

Твојот шеф е посреќен од тебе

За да ви биде повеќе мака не само што се чувствуваат посреќно, туку се посреќни во се - и по основа дека имаат подобра работа, и по основа дека прават повеќе пари и по основа дека повеќе си го сакаат семејството.

Крајот на златното доба на антибиотикот?

Она што обично звучи како почеток на апокалиптична научна фантастика, деновиве го порача новиот претседател на најголемата британска добротворна организација за медицински истражувања - инфекциите стануваат се поотпорни на антибиотици.

Што да прави поштен човек со 5 милиони долари

Во првите 5 дена легалните продавачи на марихуана во Колорадо направија 5 милиони долари, што е одлично кога би имале каде да ги стават парите што ги заработија.

Британија со субвенции за порно ѕвезди

Актуелната британска влада (по политичка вероисповед - конзервативна) одлучи да ја помогне индустријата за возрасни, давајќи им пари на порно студијата што ќе ангажираат нови млади таленти.

Македонија, Бугарија и Грција: комшилук со најмногу пушачи во свет

Во Америка некаде во 60-те властите сфаќаат дека цигарите се штетни и започнуваат со мерки против пушење. Така денес во САД пушат 19% од возрасните, споредено со 42% во 1965-та. Слично е и во остатокот од светот. За среќа ние се држиме.

Колорадо на резерва со марихуаната

Четири дена по почетокот на легалната продажба на марихуана во Колорадо, продавачите не можат глава да кренат и се во жива паника дека залихата што ја планирале за цел јануари ќе им заврши за некој ден.

Зградата на милијардерите

Преку 20 милијардери досега се натопориле да живеат во иста зграда. Локација - Малибу, дизајн - Порше.

Хејтерите на Битлси

50 години по нивното прво појавување на Би Би Си, за Битлси едногласно се мисли како за поп генијалци чија музика лесно ја освои публиката. Не баш. Повеќето слушатели на времето мислеле дека се шкарт.

Жената која ги смени тркалата на Њујорк

Благодарејќи на една жена на која доскорешниот градоначалник на Њујорк ѝ го довери градскиот транспорт, постојат видео снимки за драматично менување на изгледот на некои клучни њујоршки места. На подобро.

Вежбањето спречува и лечи речиси сè

Што ако има лек што е бесплатен, достапен им е на сите, и речиси без утка помага на кој било пациент.

Умереното пиење и имунитетот

Студијава ќе им помогне на научниците да најдат нови начини за подобрување на имунитетот на телото, а вам ќе ви помогне да ги смирите сите дилеми додека попладнечки ја ставате чашата ракија / вино "за опуштање."

Најдени во преводот

Познавањето два јазика не гарантира дека се владее и преведувањето. Тоа е професионална вештина која бара постојано усовршување а важноста на преводот обично станува јасна кога работите ќе тргнат на лошо. Избор од дебели утки со далекусежни последици. 

Како Iron Maiden заработи од пиратите

Бендот собрал прецизни податоци за тоа во кои места најмногу е пиратирана нивната музика. Но, не за да се ебаваат по судови и да тужат туку за да знаат каде да закажат концерти. Заработиле милиони.

Кучињата нè сконтаа

Кучињата веќе толку добро не разбираат што можат да предвидат што следно ќе направиме. Нивната способност да нè читаат се засилува со секоја нова генерација и не зависи воопшто од тренинг.

Тивко да полудиш

Во оваа празнична бучава, најтивката соба на светот може да звучи (!) примамливо. Само треба да знаете дека во неа никој не издржал повеќе од 45 минути

На шанкот црн народ

Во француски кафеа да ја вратиш чашата од која си пиел кај шанкерот се смета за фин манир. Сè додека едно кафуле не било спржено со казна од преку 10.000 евра бидејќи органите ова го процениле за непријавена "работа на црно".