Потрагата по новиот рецепт имаше две главни цели: поздрав начин на подготовка и посочни пилешки гради.
"Луѓето го јадеа месото затоа што така требаше, а не затоа што го посакуваа," објаснува потпретседателот за развој и стратегија на производи, Дејвид Фармер.
Во цената за развивање на нов рецепт за подготвување на пилешки гради е вклучено и создавање на сосема нова скара која нема да го пресушува месото и нејзино инсталирање во 1.775 ресторани. Откако не успеале сами да создадат скара каква што им треба, тие ја ангажираат Garland Grills за изработка на новиот модел. Целиот процес на тестирање и создавање на новиот рецепт започна во 2007-ма, а заврши годинава.
"Трикот повеќе беше во опремата. Старата скара премногу го притискаше месото заради што резултатот беа суви сендвичи," ја објаснува Фармер одлуката на компанијата повеќе да работи на хардверот за подготвување, отколку на самиот рецепт за пилешкото.