Луѓето завршуваат на разни начини

За оние кои завршуваат на "Н"

Дали името на вашето машко дете завршува на „н"? Ако е така, тогаш свесни или не, и вие го следите американскиот тренд, еден од најчудните во историјата на именувањето деца.

Како што се гледа на оваа мрдачка сликичка (чие софистицирано име е анимиран хистограм), популарноста на машките имиња кои завршуваат на „н" од шеесетите на минатиот век до денес бележи неверојатен растечки тренд, и далеку зад себе ги остава дотогашните конкуренти е, у или д, кои во ниту еден момент во историјата не ги достигнале неверојатните 36% од сите завршетоци на машки имиња. Податоците се земени од администрацијата на социјалното осигурување на САД.

Експертката за имиња Лаура Ватенберг во изјава за Њујорк Тајмс од 2009 ја нарекла ваквата појава „историски бизарна". Но од тогаш работата станала уште почудна, бидејќи четири од 10-те најпопуларни имиња за машки деца во САД од 2011 завршуваат на н. Џејден, Хајден, Рајден и Зајден ги замениле претходно популарните библиски Даниел, Метју и Дејвид.

Суфиксот „ајден" е прилично практичен, затоа што пред него можете да ставите речиси што и да е, а тоа да звучи како име на човек. Освен тоа, едно исто име од наведените може да биде спелувано на различни начини (пример Jaden, Jaiden или Jayden) без притоа да се почувствува голема промена во изговорот. Родителите мислат дека ако поинаку го спелуваат името на нивното дете тоа ќе придонесе за неговата оригиналност. Всушност колку што имињата се менуваат (во писмената форма), толку тие остануваат исти. Ако веќе некој сака да му даде необично име на својот син, нека го крсти Пантелија или Су.

10 април 2014 - 15:33