За да нема шефови кои мислат дека ќе најдат дупка во системот, според истиот овој закон станува нелегално да се работи по 18:00.
Целата промена е затоа што воведувањето на нови технологии ги направи вработените достапни во секое време на денот, а ова е спротивно на претходниот договор со синдикатите од 1999-та, со кој беше воведена стриктна 35-часовна работна недела.
Според новиот договор, вработените ќе треба да одолеваат на искушението да го проверуваат материјали од работа на својот мобилен, компјутер и која и да е друга технологија, откако ќе си заминат од работа (најдоцна до 18:00). Освен ова, компаниите мора да се осигураат дека нивните вработени не се под притисок да го прекршат законот.