Сведоштвото е на новинарот на Гардијан, Шон Вокер, кој минува прилично многу време во Одеса, со мажи од Западот и нивните потенцијални локални невести.
Вокер објаснува дека станува збор за "исклучителна индустрија со многу софистицирани измами, полу-измами, и нешто како четврт-измами."
Во книгата "Odessa Dreams: The Dark Heart of Ukraine's Online Marriage Industry" тој пишува дека мажите уште пред да стапнат во Украина, трошат илјадници долари на онлајн разговори со жените. Кога ќе стигнат таму "тие веќе платиле за авионски карти, мора да платат за излегувањето (вечера, превоз, пијалаци...), преведувачи, а во некои случаи и за прстен."
"Често пати, овие мажи зборуваат со жени кои не сакаат да се мажат. Некогаш тие веќе се и омажени.
Мажите се очајни да најдат љубов и друштво. Жените бараат начини да го издржуваат своето семејство.
На крајот од неделата, немав поим дали требаше да ги презирам сите или да ги жалам сите. Навистина не знаев што да мислам," објаснува Вокер.
Целиот бизнис со невести не беше попречен ниту од сите немири во Украина, напротив мажите продолжиле да доаѓаат во ист број, со таа разлика што сега веруваат дека веројатно ќе бидат и поуспешни во потрагата.
"Една од работите која ги привлекува луѓето во Украина е идејата за невеста од фантазиите. Идејата дека ќе ја носиш на место кое е поубаво од местото од кое доаѓа," порачува Британецот.