Не само што овие гости би требало да бидат со подлабоки џебови, туку и генерално се очекува да бидат "порафинирани" од локалните муштерии.
Освен што девојките индивидуално се подготвуваат за пречек на гостите (нови чевли, фустани, шминка...), некои градови започнаа и со официјални програми за да им помогнат во дочекот. (Бело Хоризонте започна со бесплатни часови по англиски насочени за локалните сексуални работници/работнички).
Паралелно со ова неколку невладини организации се обидуваат да ги стишат надежите на сексуалните работници за брзо богатење од гостите на Мундијалот. Во студија околу Светското во Јужна Африка во 2010-та, се покажа дека за време на настанот немало никаков раст во побарувачката за овие услуги.
"Парите доаѓаат и тие мислат дека ова е шанса за подобар живот. Тие мислат дека странците сакаат да ја најдат љубовта на нивниот живот. Ама луѓето ќе дојдат, ќе ги потрошат парите и си заминуваат," објаснуваат од организацијата GTP+.
На овие предупредувања девојките го наведуваат последниот карневал во Рио, кој како далеку помала организација од Мундијалот, донесе сериозно голем број на муштерии за оваа фела.