Животниот циклус на поп песна

Фаза на зачнување
Песната се раѓа во нечиј подрум, во гаража, или меѓу уличните свирачи. Песната се уште не може да биде завршена.

Подземна фаза
Песната ја пушташ пред мала публика од 3 до 20 пријатели, најголемиот дел од нив пијани, збунети, и неспособни да го проценат нејзиниот квалитет.

Амбивалентна фаза
Ја слушаш на концерт ама на никој не му е гајле. Не вреди да им ја спомнуваш на пријателите, без разлика што потајно ти се допаѓа песната.



Фаза на поврзување
Ја слушаш песната и таа е толку квалитетно обработена што веќе е добра. Прво што помислуваш е "Дали е ова стварно? Дали го слушам ова?" Ова е големиот "аха" ефект што секоја мајсторски обработена песна сака да го постигне кај публиката. Кај слушателот овој ефект може да се постигне во која било фаза, ама обично се случува пред нему да му станат јасни популарноста или корпоративните брендови поврзани со бендот.



Инди фаза
Ја слушаш песната на професионално инди ниво, без разлика дали е на инди саундтрак, инди радио станица, на инди свирка, или од инди издавачка куќа. Песната е независна од секаков капиталистички профит и уметникот ја задржува комплетната контрола над продукцијата, само е прашање уште колку долго.



Хипстер фаза
Оваа фаза е кога песната е се уште инди ама со додаден елемент на препотентност. Може ќе ја чуеш на концерт пред сите други. Како и да е, ако речеш "ја имам слушнато пред другите," луѓето околу тебе ќе те гледаат како хипстер, а "хипстер" се смета за лошо, така да внимателно користи ја оваа реплика.



Спотифај плејлиста фаза
Го имаш чуено ова? Секако дека го имаш чуено. Ама го имаш ли чуено на начин на кој фановите сметаат дека е соодветно и поврзано со други траки на плејлистата кои го поставуваат расположението, атмосферата или тонот?

Топ 40 фаза
Ова е кога секој со пристап до модерна технологија веќе го има чуено ова пред сите други. Песната има смисла колку и претходната реченица.

 

Број 1 на Билбодр фаза
Ја слушаш во секој ресторан. Ја слушаш на разгласот додека минуваш покрај Медисон Сквер Гарден. Те прогонува сликата и чувството што песната секој ден го создава.

 

Контролирана фаза
Песната можеш да ја чуеш само со публика од 10.000 луѓе. Музичарите се недопирливи богови од злато. Никогаш нема да ги запознаеш дури и ако чекаш пред влезот зад сцената и тврдиш дека пејачот ти е внук.

 

Срамна фаза
Престануваш да ја слушаш песната. Засекогаш. Или барем неколку месеци. Или години.



Бесрамна фаза
Повторно го вадиш албумот за да го преслушаш, и се чудиш зошто почесто не го слушаш. Ги преживуваш сеќавањата од пред 5 години. Кога ќе го ислушаш албумот го враќаш на полица и не го допираш уште неколку години, можеби и деценија.



Ретроспективна фаза
Песната е постара од една деценија. Ја наоѓаш во продавница за плочи и воздивнуваш.



Караоке фаза
Песната повторно е кул, ама немој премногу да размислуваш за текстот. Само пеј ја.

12 април 2014 - 13:41