Рокот на траење на апаратите кои ги поседуваме е најголемата жртва на желбата тие да се продаваат повеќе. За да се продаваат повеќе, треба да бидат подостапни. Тоа значи поевтини, а тоа значи пошкарт.
За само една деценија, просечниот рок на една машина за перење алишта е намален за 3 години, утврдила британската асоцијација за трговија со бела техника, поврзувајќи го тој пад со падот на цените.
Втора причина за нашето лесно заменување на производите со нови е онлајн купувањето, кое го раскина традиционалниот однос на муштеријата со локалните сервиси.
Од еден таков сервис кој има традиција од 1927-ма година велат дека луѓето прерано ги фрлаат производите кои им се расипале.
Девет од десет веш машини и една третина од рамните телевизори кои се фрлаат можат да бидат поправени и да работат како нови, велат сервисерите.
Зошто толку лесно се навикнавме да се ослободуваме од постоечките апарати?
Велат, заради смарт телефоните. Тие нè навикнаа на нови верзии и нови функционалности секоја година па оттука и нашето општо очекување за трајноста на некој производ е помалку амбициозно.