Во последно време како да има сè повеќе обиди за „цедење" музика од неконвенционални извори - од вселенски гама зраци, преку сообраќајна врева, до златни рипки и машини сингерици. Иако овие звуци се околу нас, веднаш изгледа (пардон - звучи) поинаку кога некој ќе ти ги претстави како композиции.