Научниците од НАСА ги конвертирале гама зраците на нашиот универзум во изненадувачки убава музичка композиција. Гама зраците се состојат од фотони (елементарни честички), секој со своја енергија и фрекфенција. Колку повисока енергија - толку повисока фрекфенција. Преку мерење на фрекфенцијата, можно е конвертирање на зраците во музички ноти.
И порано имаме чуено дека градовите си имаат своја „музика", но Марк МекКег го оставил сообраќајот во Лондон да си состави своја композиција. Тој го симулирал движењето на возила околу Парламентот, создавајќи вештачки сообраќајни гужви. Потоа тоа го претворил во музика. Звукот кој го емитира секој автомобил зависи од неговата близина до другите автомобили и оддалеченоста од слушателот. При средби на два автомобила на раскрсница музиката станува посложена, особено ако возилата потоа тргнуваат во различни насоки.
„Квинето" е музичка инсталација на италијанската уметничка задруга Тивок ансамбл која го следи движењето на пет златни рипки и го преведува тоа движење во звук. Таа се базира на истражување на вообичаеното движење на предмети или живи суштества, и го користи како податок при производство на звуци. Целта е да се разоткријат „невидливите концерти" на секојдневниот живот. Вертикалните движења на 5-те рипки се снимаат со видеокамера, а потоа се преведуваат (преку компјутерски софтвер) во дигитални звуци. Така рипчињата се претвораат во пет музички инструменти.
Германскиот уметник Бартоломеус Траубек создал грамофон кој дигитално ги чита круговите (годовите) на парчињата дрво и ги преведува во пијано музика, која е прилично драматична.
Мартин Месиер свири на - машини за шиење, и ваквата оркестарска музика ја придружува со лајт шоу.
Ова е најсупер - „Глуп оркестар", составен од повеќе од 200 мали ретро апарати за домаќинството. Резултат: 35 минути врева, која практично ни пара уши секоја минута од секој ден.