Извесен Мајкл Иган го тужи режисерот Брајан Сингер и уште тројца моќни луѓе од Холивуд дека сексуално го искористувале кога имал само 17 години.
Тужбата откри многу детали од културата и начинот на живот кој досега им беше познат само на инсајдери од Лос Ангелес, особено во геј енклавата во Западен Холивуд.
Четворицата обвинети ги негираат обвинувањата но во медиумите се множат сведоци кои ја потврдуваат приказната за тоа како влијателни луѓе од Холивуд се опкружуваат со млади и згодни момчиња желни да влезат во круговите кои ветуваат престиж и успех.
Сведоци велат дека ако на дечко од 17 години не му пречи да биде занимација за постари а моќни хомосексуалци, лесно ќе најде домашна забава на која ќе биде виден. На таквите забави не им се бара лична карта и доволно е да биде млад, сладок и згоден. А и ако не најде сам таква забава, ќе има кој да го донесе.
Така функционирал и Брајан Сингер кому момчиња за друштво му носеле двајца типови кои некогаш и се карале околу тоа кому припаѓа заслугата за некој донесен "кандидат". Велат Сингер внимавал на возраста но сепак често бил опкружен и со дечки од 16, 17 години.
И токму возраста на уловот го прави овој скандал вознемирувачки, бидејќи за Холивуд веќе е клише тамошни могули да прават забави на кои амбициозни млади луѓе сакаат да се покажат и да добијат шанса да си го тераат сонот кој честопати завршува како кошмар, со лоши спомени, трауми или судски тужби.
За прват ваквите баханалии излегоа надвор од геј круговите кога медиумите пренесоа слика од домашната забава на Роланд Емерих, режисерот на The Day After Tomorrow, Independence Day и Godzila.
Покрај Сингер, за најстрвен ловеч на твинкери (во геј жаргонот: млади гејчиња) важел Дастин Ленс Блек, добитник на Оскар за сценариото на филмот MIlk. Од другата страна на размената, за најуспешен дечко кој успеал да ги задоволи сексуалните апетити на моќните филмаџии за доброто на својата кариера се наведува младиот Тејлор Лаутнер.
Dustin Lance Black