Ајде да славиме

Дали знаете дека е недела на клиторисот?

Во сите јавни дебати и иницијативи за разни делови на телото (гради, мустаќи, тестиси), клиторисот како да е пропаднат во некој процеп :)  Затоа, почетокот на мај веќе втора година е резервиран за тој неправедно потценет извор на задоволства. Дополнителен бонус: неделата на клиторисот се поклопува со празникот на мастурбирањето.

""Клиторисот е величествен орган кој досега беше игнориран, потценуван, табуизиран па дури и означен како грешен во патријахалните или религиозни учења. Време е да му го дадеме вниманието кое го заслужува како уникатен орган со ексклузивна функција за сексуални задоволства," порачува Надин Гери, портпаролката на глобалната иницијатива  "International Clitoris Awareness Week," седумдневно чествување и славење на овој дел од женското тело кој често се покрива со непотребни мистерии. 

Славењето почна лани а го предводи групата наречена Clitoraid од Лас Вегас, која меѓу другото, им помага и на жртви на сексуално унакажување ширум светот.

Иако последново е сериозен проблем, групата инсистира да го потенцира убавиот, хедонистички аспект на клитирисот, за да го разбие ова табу па за темата да се зборува поотворено.

За свој најголем успех го сметаат отворањето на една болница во Буркина Фасо која се занимава со реставрација на женски органи, насилно нагрдени низ суровите традиционални ритуали.

За чудо, домашните искуства на Клитореид велат дека за разлика од жените кои се посрамежливи на оваа тема, мажите едвај чекаат да зборуваат за клиторисот 

Не случајно, Clitoris Awareness weeks се одвива на почетокот на мај, месец кој во САД важи за Национален месец на мастурбирањето. 

"Ако сакате да бидете свесни за клиторисот, почнете од својата градина," мудро порачува портпаролката.

п.с. знаеме дека многу јаки мажишта се разочарани од оваа статија пошто пак не успeаа да дознаат "каде е тоа чудо" :)

6 мај 2014 - 10:31