Бројките се од анкета на 24.000 американски доктори, а сумата е за годишната плата за 2013-та. Од 25-те категории неспоредливо најдобро минуваат ортопедите (413.000 долари годишно). На самото дно се докторите што се занимаваат со ХИВ и заразни болести (174.000 долари годишно).
Се на се бројките покажуваат дека ништо не е променето и дека како и во минатото "оние го оперираат имаат повисоки примања од оние кои се занимаваат со хронични болести."
На ниво на специјалност докторите биле едногласни околу тоа дали сметаат дека се платени колку што заслужуваат. Дерматолозите било најверојатно да се задоволни од својата плата (308.000 долари годишно), а најмалку задоволни се пластичните хирурзи со своите 321.000 долари за 12 месеци.
Колку им била пониска платата на докторите, толку било поверојатно дека тие кога би можеле пак би ја избрале медицината како своја професија. Од докторите што се занимаваат со интерна медицина или ХИВ (во исто време двете групи со најниски плати), околу 70% повторно би ја избрале истата професија. Кај најдобро платените, ова е само 44%.