Повозрасниот дел од оваа генерација во последно време станува клучен фактор за телевизиските мрежи во изборот на програмите.
Системските промени во корист на оваа генерација најдиректно се гледаат во изборот на мрежите како ХБО и АМЦ, кои се решаваат за помрачни и генерално драми со тешка приказна како Breaking Bad или True Detective.
Меѓу каналите кои сериозно ја сфаќаат милениумската генерација е Пивот каналот кој е основан пред една година. Пивот во соработка со Нилсен прави истражување кое им покажува дека оваа генерација е "доста ангажирана во социјалните каузи." Нивните истражувања покажуваат и дека оваа публика бара поинтелигентни извори на забава од емисии како The Real Housewives of New York, Teen Mom и слични на нив.