Кога животот го глуми филмот

Ако понекогаш сте се запрашале каде се изгуби сиве овие години овој интересен филмски тип кој го познаваме од "Приказна од Бронкс" или "Сопранови", одговорот е - во затвор.

По осум години минати зад решетки, Лило Бранкато Јуниор е на слобода и вели дека неговата главна мисија е да да работи со млади луѓе за да не ја направат истата грешка како него.

Денес има 37 години а неговата пресвртна точка во животот се случува во 2005-та година, кога под дејство на алкохол и дроги учествува во инцидент кој завршува со загинат полицаец.

Лило и Стивен Арменто, член на мафијашкиот огранок по потекло од Џенова, провалуваат ноќе во некои подрумски простории во Бронкс за да крадат Валиум. Бучавата од скршеното стакло буди комшија полицаец кој не е на должност, но доаѓа да провери за што се работи. Прв почнува да пука Арменто, настанува претрелка, Арменто го погаѓа полицаецот а тој на умирање успева да го испразни пиштолот во нив и да ги рани.

За испукување на фаталниот куршум обвинет е Арменто.

"Јас денес не сум истиот човек со оној од таа ноќ. Созреав и си ги научив грешките по потешкиот пат," изјави Лило во едно скорешно тв интервју.

Под присмотра на органите ќе биде до 2018-та година а вели дека најтешко му било да научи како да ги преброди тешките времиња без да посегне по дрога.

 

28 април 2014 - 15:11