Угледни претставнички на порно индустријата бараат од јавноста и своите фанови да ги бојкотираат филмовите на Семјуел Џексон. Причина е Redtube, бесплатниот порно сајт кој доби јавна препорака од холивудскиот глумец.
Реакцијата е разбирлива со оглед на тоа што сајтови како Redtube земаат огромен дел од колачот на кој беа навикнати порно ѕвездите кога фино го наплаќаа својот труд.
А сајтот Џексон го спомна како заебанција, кога на новинарско прашање кое според него е најголемото достигнување во популарната култура, изјави: Ред тјуб точка ком.
Каталина Круз (позната како Пенелопе Круз со цицки) јавно побара бојкотирање на филмовите на Џексон бидејќи не е фер Холивуд толку жестоко да се бори против пиратирањето на своите филмови а од друга страна, да порачува дека е ок да се крадат порно содржини.