Данска е земја чии жители имаат многу причини за среќа. Но не дека земјата нема проблеми. Еден од ретките е оној општиот европски, кој го делиме и ние: наталитетот и фактот дека континентот старее бидејќи се раѓаат сè помалку деца. Значи, си имаме исто гајле, само што наместо грижа на совест за иднината на нацијата, нивната кампања мава на секс.