Живот и забава

Треба прв да ти текне

Не е баш најамбициозниот проект кој може да се најде на Кикстартер, но веројатно токму тоа е клучот на неочекуваниот успех. Како што е ред, на иста финта сега ќе пробаат и други и ќе изрикаат ко магариња.

Сингл таскинг е новиот мулти таскинг

Способноста да се работат повеќе работи истовремено, порано беше идеал и за луѓето и за нивните работодавци. Но, откако интернетот тоа го направи не само лесно туку и доминантен модел на однесување во кој човек прави триста чуда а ништо не сработува, време е да се обучуваме во обратна насока.

Никој не купува музика

Во првите 6 месеци од 2014-та продажбата на музика, физички албуми и дигитални симнувања, е намалена за неочекувана двоцифрена разлика во однос 2013-та.

Како шеќерот ја разблажува науката

Еден од најскапите проблеми за прехранбените компании е да се прикрие поврзаноста меѓу консумацијата на шеќер и здравствените заболувања. На ова до сега се потрошени милијарди долари, по шема која во минатиот век беше разработена од тобако компаниите.

На кожата ѝ се стемнува од сонце

Во проектот "Ултравиолетови убавини" бруклинската фотографка Кара Филипс покажува колку штетна за кожата може да биде претераната изложеност на сонце.

Градот во кој се прават фудбалите

Во еден град во Пакистан се произведуваат фудбалски топки. Многу фудбалски топки. Речиси половина од сите фудбалски топки кои се тркалаат по светов.

Весници кои не умираат

Кога сите (со право) кукаат дека хартиените весници изумираат, една гранка од таа медиумска индустрија се покажува како исклучително жилава: имигрантскиот печат.

Што ако викендот трае три дена?

Има компании кои го пробале тоа. И не само што преживеале туку тврдат дека денес тоа им е клуч на успехот.

Папата што станува во 15 за 5

Кога е во Ватикан, папата Францис се буди во 4:45 и се облекува "за на работа." Прво нешто што прави е да ги прочита сите дописи што доаѓаат од нунциите (амбасадите) на Ватикан низ целиот свет, потоа се моли и медитира еден час, по што почнува со подготовки за својата проповед во Санта Марта. Во 7 часот се симнува на појадок со другите, по што почнува приемот кај него.

МекДоналдс со најлоши бургери во САД

Некои од најголемите синџири за брза храна (МекДоналдс, КФЦ, Тако Бел), го имаат и најлошото јадење во својата категорија. Барем според 30.000 испитаници.

Зошто хоророт е посебен хорор за жените?

Меѓу режисерите на хорор филмови, жени има малку. Ама затоа бројката на женска присутност е голема во друг сегмент на овој жанр - меѓу жртвите.

Како Џон Оливер растури на ХБО

Во време кога се' се прави да биде што е можно пократко затоа што ценетиот читател и гледач сака да прави се' освен да чита и да гледа, Џон Оливер одлучи дека публиката ќе сака да гледа ултра долги истражувачки стории (15-20 минути). Два месеца подоцна, изгледа човекот не згреши.

Секс митови: што е вистина, што е лага и што уште треба да се истражува

Некои митови имаат научно објаснување и се на место, други се базираат на "ловечки приказни" од луѓе што звучат смртно самоуверени за своите подвизи и како дошло до нив. Во секој случај ги има доволно за луѓе да седнат и да напишат цела книга на темата.

Роден да филозофира

Иако можеби срцето му е гладно, душата очигледно му е жедна за малку филозофија. А по него, ете ги и неговите фанови.

Ќе јадат ли Американците дроб сарма?

Не заради нас туку заради Шкотите. За да им покажат дека водат сметка за луѓето кои сакаат да се отцепат, Англичаните и нивната економска дипломатија се во нова офанзива да се укине преку 40 години старата американска забрана за шкотскиот специјалитет хагис, а.к.а. шваргла. Најспорен дел: клучниот елемент во едно традиционално свадбено ракиџиско мезе во Велес.

Леми изненаден од староста

Вика: "За две години ќе полнам 70 години. Како бе мене ова ми се случи??"

Човекот што ги планира "момачките" за Вол Стрит

Во 2011-та станува "најмладиот Американец што ја посетил секоја држава" (кај нас бил во 2007-ма), од тогаш уште не е престанат со шетање само што сега има и друга тезга: организира ергенските забави за најбогатиот 1% од САД.

Бостон добива смарт клупи

"Телефонот не служи само за телефонирање. Зошто тогаш клупите да служат само за седење?" мудро размислува бостонскиот Коце Трајановски.

Чак Бери рецензира панкови

Од еден прастар музички магазин од Сент Луис (Jet Lag, излегувал од 1980 до 1991-ва), ископавме драгоцено парче. Година 1980-та, на легендата Чак Бери му пуштаат музика која е тогаш ин... И го оставаат стариот да мрчи.

Престанете да им викате на депресивните пријатели да се расположат

Списокот на „охрабрувачки" фрази кон кои прибегнуваме кога не сме сигурни што да им кажеме на нашите несреќни пријатели е долг - од „не се секирај", преку „ќе помине" до „ќе види (он/она) убаво". Сите тие може да се кажани добронамерно, ама и за добрите намери знаеме каде можат да водат.

Не ме занима што мислат луѓето

Во 1972 година ги формира The Jam, 10 години подоцна Style Council. Денес има 56 години, 7 деца и живее во Лондон со својата сопруга и синовите близнаци. Пол Велер. човек кој понекогаш гледа романтични комедии и лапа After Eight.

Зошто да не го ставате патлиџанот во фрижидер

Животната одлука што треба да ја донесете е дали сакате патлиџанот подолго да ви трае или сакате да има подобар вкус. Можеш да избереш само едно.

Парфем со мирис на мишка

Уметнички концепот е ова, ама, ако некогаш стане комерцијален производ, автобусите на ЈСП можат да станат драгоцени рудници за суровина.

Фото студио "Да пукнат душманите"

Полнење на батериите, одмор, возбуда, бегство од секојдневната рутина и/или откривањето нови места и луѓе се дел од причините поради кои луѓето одат на летен одмор. Плус потребата од курчење со фотки од местото на кое се уживало. На второво, добро заработува еден фотограф од Германија.