Од сезоната 2016-17. НБА ќе има три пати поголеми приходи од ТВ правата, од 930 милиони на 2,7 милијарди долари. Две главни причини за ова се: потребата на ЕСПН да му зададе уште еден удар на својот главен ривал Фокс Спортс 1 и се поголемата вредност што ја имаат натпреварите во живо за кабелската публика.
Приходите на ЕСПН годинава достигнуваат 11,2 милијарди долари, од овие пари 65,2% (7,3 милијарди долари) доаѓаат од кабелските претплатници.
Во 2013-та кабелските провајдери на ЕСПН месечно му плаќаат по 5,54 долари од претплатник. За споредба (неколку години претходно во 2011-та), просечната телевизиска мрежа од кабелските провајдери добива по 0,24 долари на месец. Разликата во цената е заради спортовите во живо.
Во преговорите за правата се договараат три пакети, од кој еден зема ЕСПН, еден оди за Турнер Спортс (со кој ЕСПН нема никаков проблем), а третиот пакет (кој можеше да заврши и кај Фокс Спортс 1) НБА одбива да го продаде по наговор на ЕСПН, кој "бил непопустлив дека тој пакет не смее да оди кај некоја друга мрежа."