Живот и забава

Каде одат девојките со точак?

Дофрлањето "Женска, ти диши ланецот" и слични генијалности беше (е?) еден од најголемите дострели на маалските фраери заболени од хроничен неебитис. Веројатно не ни знаат дека токму со точакот, девојките почнаа да стануваат недостижни за дрипци како нив.

Покажи колку го сакаш Путин, Ајфон издание

Избираш регуларен Ајфон 5S, и својот наклон го изразуваш со тоа што италијанска компанија му додава златна плочка на задната страна, изгравирана со портретот на Путин, за цена од 4.000+ долари.

Вежбањето нема да ве спаси од тоа што по цел ден седите

Седењето во траење и форма како што го правите додека сте на работа е штетно по основа на тоа што е поврзано со рак, дијабетес и срцеви заболувања, ова го покажува анализа на 43 студии на темата.

Заблудата околу зборот "природно"

70% од потрошувачите кога на месо во супермаркет ќе го видат зборот "природно", сметаат дека тоа значи дека на животното не му се дадени хормони за раст, за 60% ова значи не се користени антибиотици или други лекови во нивната храна.

Сите жени треба да станат лезбејки

Просто е. Бидејќи денешните мажи се непоправливи, жените колективно треба да станат лезбејки и да почекаат актуелната машка постава на планетава да одумре.

Дедо не беше глуп што пушеше качак

Пушачите знаат како слепци да се фатат за оние 2-3 податока кои на кутиите намерно им ги оставаат тобако компаниите, колку овие да имаат со што да се занимаваат и да им личи дека носат разумни одлуки. Па врз основа на количината катран или никотин, се тешат дека овие се јаки, овие се послаби. А приказната за цигарите е каде-каде покомплицирана.

Мажи што се отвориле во интервјуа за Плејбој

Темата ја воскреснува интервјуто што Гери Олдман го дава за најновиот број на Плејбој, а во него коментира за Мел Гибсон, за животот на ѕвездите, за Златните глобус, за Филип Сејмур Хофман, за Оскарите.

Стинг за смртта и за дрогите

Тоа дека Стинг не планира да им остави ни долар (од вкупно 300-те милиони) на своите деца (вкупно 6) бидејќи деца треба сами да заработуваат за живот, медиумите поштено го пренесоа. Во тоа интервју имаше уште два интересни момента.

Зошто е глупо да си и верен на фирмата

Процената е дека во текот на работниот век заработуваш 50% помалку пари доколку останеш вработен во иста компанија подолго од две години. Ова е конзервативна процена, ако седне да се прави подетална кампања разликата ќе биде поголема.

Зошто Сони уште снима филмови со Сендлер

Прашањето поставено на Куора го одговара корисникот Кен Мијамото, поранешен вработен во Сони Пикчерс. На кратко, одговорот е - снима, затоа што филмовите со Сендлер прават пари.

Приказната за Оскарот за 250 долари

Со вкупен буџет од 5 милиони долари, Dallas Buyers Club беше номиниран за 6, а освои 3 Оскари. Еден од тие беше и Оскарот за шминка и фризура, за која во филмот беа одвоени 250 долари.

САД рекордно возбудени околу Мундијалот

24,7 милиони луѓе го изгледале натпреварот САД - Португалија, што е најголемата ТВ публика за натпревар на американската фудбалска репрезентација и повеќе од кој било друг спортски настан, со исклучок на НФЛ.

Во одбрана на состаноците

Парадоксот е што заради технологијата која беше создадена да го намали бројот на состаноци, само се зголеми потребата луѓето да се видат лице в лице. Дополнување на парадоксот е што после толку години седење и договарање, човештвото и понатаму ужасно го злоупотребува состанокот.

Не се стегајте околу секс за една вечер

Не само што не е негативен како што му вадат муабети, туку може да го зголеми вашето задоволство од животот, самопочитта и да ја намали нервозата, од вас само се очекува стварно да сте заинтересирани за секс за еден вечер.

Статистики што немате потреба да ги знаете

Не е листа туку е цела книга со вакви податоци кои за дополнителен ефект се и меѓусебно поврзани, од типот луѓето што биле на состаноци на слепо, е поверојатно да имаат визит карти.

Како градовите ги требат бездомниците

Редовната незаинтересираност за бездомниците месецов беше разбиена со фотографија од Лондон на која празниот простор пред еден влез беше пополнет со железни крампони, чија главна цел беше да го одврати секој бездомник што помислил да го запоседне ќошот.

Зошто стигнавме на дното?

Прашај ги читателите што сакаат, и тие ќе ти кажат зеленчук. Гледај ги од страна што прават, и ќе видиш дека тие претежно јадат бонбони, објаснува Дерек Томсон во Атлантик.

Битката за Аја Софија

Иако главната битка Муслиманите ја добиваат уште во 15-от век, сегашната борба е Аја Софија да го задржи моменталниот статус на музеј, и да не биде претворена во џамија.

Како севернокорејските фудбалери завршија во рудник

Секој народ во својата митологија има некој митски пораз, траума која се прераскажува од колено на колено, со мрачно лице и со длабока воздишка. Кога нема војни и природни катастрофи, тука е фудбалот.

Зошто не доаѓа Принс во Скопје?

Главно, затоа што кошта 2 милиона долара за концерт. А и да се најде луд да му фрсне толку пари за да ни дојде на Кале, пола луѓе ќе мрчат дека го носат доцна и дека требало пред 15 години. Имаме супер интересни листи за тоа кој колку чини од уметниците и другите познати ликови. Тони Блер доаѓа за 200 бона ама Субрата Рој знае дека се тоа џабе фрлени пари.

Поправање заби без поправање заби

Лек за кариес кој не предвидува дупчење и стругање на забите, ставање инекции или каква и да е болка при чистењето на црнилата од кои скапуваат вашите заби - и сето ова веќе тестирано и функционира.

„Роденденскиот парадокс" на Светското првенство

Чудно е, но вистинито - во која и да е група од 23 луѓе постои 50% шанса двајца од нив да се родени на ист ден. На светското во Бразил има 32 екипи со по 23 луѓе, што е одличен терен за проверување на вистинитоста на ова тврдење.

Престанете да го миете пилешкото

Така гласи најновата препорака наменета да се сопре ширењето на бактеријата која ја има во месото. Не затоа што пилешкото не треба да се мие туку затоа што ние тоа го правиме погрешно.

Зошто канцеларијата ви е полна со самозаљубени

Нарцисоидните кандидати се многу поуспешни на интервјуата за работа отколку подеднакво квалификуваните скромни кандидати, само затоа што луѓето многу полесно се навлекуваат на нарциси.