Должиш фитнес!

Допрва ќе се договараме дали ова е придобивка или зијан, ама научниците заклучија дека одењето на фитнес те "отвора" за пиење.

Резултатот од истражувањето објавено во журналот Психологија на здравје е дека луѓето пијат повеќе алкохол на деновите кога вежбаат. За студијата околу 150 возрасни луѓе на смартфон запишувале колку вежбаат во текот на денот и колку алкохол пиеле. Мерењето траело 3 недели во различни делови од годината.

Генерално најмногу се пиело пиво, а и физичката активности и пиењето алкохол се зголемувале во периодот од четврток до недела. Иако најдоа врска меѓу двете работи, на научниците не им е јасно од каде тоа.

"Може да е затоа што луѓето кои се повеќе активни во текот на денот ја користат целата своја волја и мозочни ресурси за да се натераат да бидат активни, па на крајот од денот веќе немаат сила за да одолеат на пијалакот," објаснува првиот човек на студијата, професорот Дејвид Е. Конрој.

24 септември 2014 - 15:31