Дијамантите вредат по 300.000 долари и двата се земени на заем од израелската компанија Стаинмец, која не може да најде никој да ги осигури (веројатно затоа што нема ексел во кој ќе покаже дека е економски оправдано да се осигураат дијаманти залепени на врв на Ф1 болид).
За тие што не се сеќаваат, промоцијата заврши со судир на еден од болидите на Јагуар со дијамант на него. Ама:
"Еве што е лудо: ова се случи уште во првиот круг. Да, баш така: возачот на Јагуар, Кристијан Клајн со својот Ф1 болид со дијамант излета пред воопшто да успее да извози еден единствен круг околу патеката, и по што публиката во околината инстантно збесна и тргна во потрага по дијамантот. Посебно лудо во сето ова е што: правилата за безбедност на патеката не му дозволуваа на тимот на Јагуар да го бара дијамант се до крајот на трката, два часа подоцна...
... Секако, додека луѓето од Јагуар да дојдат на сцената, дијамантот веќе беше исчезнат," пишува Даг ДеМуро во Халопник.