Борачите растресуваа околу стотина деца во ринг во храмот Ируги. Тие што не се расплакаа од ова, им следуваше 'ржење во лице се додека не почнат со плачење. Кандидатите се на возраст меѓу 6 и 18 месеци.
"Плачот на бебињата треба да стигне до Бога и родителите се надеваат дека со тоа нивните мали ќе пораснат здрави и силни. Па ако бебето не заплаче, сумо борачите се обидуваат на сила да го натераат да плаче, додека родителите гледаат со возбуда," објаснува свештеникот од храмот.
Церемонијата е стара околу 400 години и се одржува низ целата земја, со тоа што правилата варираат од регион до регион.