Македонските деца се најсреќни на светот

Колку и постарите да се трудат да биде поинаку и прописно да им го сјебат животот со своите проблеми, македонските деца се најсреќни на светот. Не се знае што да се прави со ваква младина.

Прво што човек инстинктивно помислува  кога ќе налета на странска вест со наслов "Македонските деца се најсреќни на светот' е дека се работи за некоја заебанција. Ама не е.

До ваков резултат дошла една сериозна британска детска организација, испитувајќи 50.000 деца од 39 држави во светот.

И, Македончињата испаѓаат убедливо најсреќни од сите нивни врсници, по што следат малите од Холандија и Ерменија а на другиот крај на среќата се децата од Турција, САД, како и од привлечни европски земји како Англија, Италија и Франција.

Во истражувањето помагал Универзитетот од Јорк а децата сами ја проценувале сопствената среќа врз основа на параметри како што е семејниот живот, парите и работите што ги поседуваат, здравјето, пријателите, изгледот и училиштето.

Било регистрирано дека и чувството на среќа почнува да опаѓа некаде на 14-15 годишна возраст како и тоа дека машките се нешто посреќни од девојчињата.

повеќе

6 септември 2014 - 11:59