Сè до 1987-ма година, во рударските окна во Велика Британија задолжително биле држени канаринци во кафез. Почувствителни од луѓето на проемни на мирис во воздухот, тие ги предупредувале рударите на зголемено присуство на отровни гасови давајќи им фора навреме да се евакуираат и да избегнат задушување.
Нова медицинска студија покажува дека и човекот има канаринец во носот.
Имено, своевремено на 3.000 лица на возраст од 57 до 85 години им било тестирано сетилото за мирис на 5 вообичаени и секојдевни мириси.
Пет години подоцна, кога студијата била повторена, 430 луѓе (12,5%) од првата мостра биле веќе починати. Од нив, дури 39 проценти биле оние кои комплетно паднале на првиот тест за мирис. Од лицата кои на првите тестирања покажале сочувано сетило, починале само 10 проценти.
Кога се земале предвид и останати битни фактори (раса, пол, ментално здравје, социоекономски статус), пресметката на научниците од Чикаго вели дека оние со изгубено сетило за мирис имаат 4 пати повеќе шанси да умрат во наредните 5 години отколку оние кои можат да ги идентификуваат петте базични мириси.
Велат, дури и умерено губење на сетилото за мирис може да биде предвесник за лош животен исход.
Знаеме дека ги очекувате мирисите:
- кожа
- пеперминт
- портокал
- ружа
- риба.
Но, не мора да е сè така црно. Доколку имате слабо сетило за мирис, тоа може и само да значи дека сте - психопат.