Платите на Холивуд

Само заради добриот договор Роберт Дауни Јуниор од третиот дел за Ајрон мен заработи 75 милиони долари, инаку кога не е супер-херој обично наплаќа по 15 милиони долари за филм. Ако не ги имаме предвид животните, во Холивуд најслабо платени се асистентите на агентите со 10 до 13 долари на час.

 

Филмски ѕвезди
Големите ѕвезди и понатаму вадат сериозни пари од продуцентите, ама за тоа тие што се средна класа обично мора да се ценкаат пред секој филм. Така, Ди Каприо заработи 25 милиони долари (со бонуси) од Волкот на Вол Стрит, додека колегата од филмот, Џона Хил зема само 60.000 долари (иако и самиот Хил тука е виновен за ваквата плата). Во Ајрон мен 2, наспроти милионите за Роберт Дауни Јуниор, на Мики Рурк наводно му биле понудени само 250.000 долари. Просекот на оние од најдолната класа (според статистики на нивниот синдикат) е некаде околу 52.000 долари годишно.

Агенти 200.000 - 10 милиони долари годишно
Генерално агентите почетници заработуваат од 50 до 65 илјади долари годишно, тие со поголем стаж се на околу 200.000, партнерите биле меѓу 400 и 700 илјади долари, а членовите на бордовите (на најважните агенции) се околу 10 милиони долари.

Асистент на агенти 10 до 13 долари на час
Почетокот на кариерата во агенциите ти е во собата за пошта, и се надеваш дека ќе се отвори некое место за асистент, потоа се надеваш дека со тек на време ќе почнеш да се појавуваш во полноќните мејлови меѓу агентите.

Животно актер 5 - 108 илјади долари годишно
Мајмунот кристал во 2012-та заработува 108.000 долари за појавување во 9 епизоди на Animal Practice. Ова е меѓу најголемите пари што му се исплатени на животно, инаку дневницата за животните е околу 400 долари, а годишната заработувачка во просек е од 5 до 10 илјади.

Директор на фотографија од 5 до 30 илјади долари неделно
Врвните директори на фотографија (кои ги има околу 15-на во Холивуд), заработуваат од 25 до 30 илјади долари неделно на филмови кои се снимаат до 12 недели. Ова се луѓе кои имаат десетици номинации за Оскар, Гремија и слично. За инди-филмови земаат меѓу 2 и 5 илјади долари неделно, а на тв продукции платата им е 5 до 8 илјади долари.

Режисер од 250 до 20 милиони долари од филм
Според директорите на студија повеќе не постои средна класа. Или плаќаш за некој врвен режисер или наоѓаш евтин. "Нема веќе некој што работи за 3 или 4 милиони долари."

Кристофер Нолан за Интерстелар зема 20 милиони долари, а Ридли Скот наплаќа околу 10 милиони долари за просечен филм. На другата страна се почетници кои за своите први филмови од студијата може да очекуваат меѓу 250 и 500 илјади долари.

ТВ режисер од 25 до 42 илјади по епизода
Основата цена (според синдикат) им е 25.145 за епизода од половина час и 42.701 долар за епизода од еден час. За разлика од тв сценаристите некогаш се случува режисерите да добијат за работа и цела сезона од 22 епизоди.

Адвокат за ентертејмент 2 до 6 милиони долари
Некои, како Скип Брајтенхам, наводно заработуваат и до 10 милиони долари годишно. Во зависност од искуството и стажот, адвокат може да добие и до 30% од тоа што неговата фирма заработува од клиентите. Почетниците адвокати во првата година заработуваат од 135 до 165 илјади долари годишно.

Статист 148 долари на ден
Имаш додаток од 50 долари ако носиш перика или ако работиш во тешки услови (пример дожд). Исто така добиваш си платен и ако останеш вон работното време - по 16 часа работен ден за секој екстра час добиваш по една дневница.

Водител на квиз 1 до 10 милиони долари годишно
Во зависност од популарноста платата им е од 25 до 75 долари неделно. Ако си Алекс Требек (30 години водител на Jeopardy) - тогаш заработуваш по 10 милиони долари годишно.

Водител на ток-шоу 3 - 30 милиони долари
Како замена на Летерман, Колбер наводно треба да заработува 15 милиони долари годишно. Џон Стујарт и понатаму е број еден со плата од 25 до 30 милиони долари, а Џими Фалон наводно зема помала плата од Лено. Сет Мајерс е на 3 милиони долари годишно.

Менаџер 250 до 300 илјади долари годишно
Немаат загарантирана плата и се' им е од процентот од клиентите. Почетниците се на околу 50 до 60 илјади годишно, и од нив се очекува да донесат барем 3 пати повеќе пари отколку што им се плаќа.

Претседатели на ТВ мрежи од 2 до 3 милиони годишно
Обично основната плата им е 2 милиона долари, ама не се ретки ниту тие што заработуваат по 3 милиона годишно. На ова плус се бонусите кои може да ја дуплираат платата.

Порно ѕвезди 120.000 долари годишно
Ова е просекот во индустријата. Најголемите женски ѕвезди заработуваат и над 200.000 долари. Мажите имаат помали годишни плати, ама затоа обично имаат подолги кариери.

Шеф на студио 5 до 15 милиони долари годишно
Нивната основна плата е околу 5 милиони долари, остатокот од разликата (два до три пати) ја прават од бонуси. Плус ги имаат најдобрите бенефиции во Холивуд, од платени приватни авиони до асистенти кои им се 24 часа на располагање.

Продуценти од 250.000 до 2 милиони долари годишно
Нема повеќе од 15-на врвни продуценти кои заработуваат над 2 милиони долари (Брукхајмер и компанија). За разлика од порано, сега продуцентите се согласуваат на помалку загарантирани пари од проектот, само за филмот да биде прифатен за снимање (после тоа ќаруваат на процент и успех на филмот).

Публицист од 27 до 400 илјади долари годишно
За разлика од менаџери, агенти и адвокати, публицистот добива месечна плата, а не процент од приходи. Почетните нивоа добиваат меѓу 27 и 35 илјади годишно, средните се меѓу 50 и 80, а партнерите се на ниво од 200 до 300 илјади долари годишно.

Каскадери од 50 илјади до 1 милион долари
По ценовник (на здружението) дневницата им е 889 долари на ден. Ова е околу 50.000 долари од филм (ако работи секој ден на 3-месечно снимање). Има и случаи како Том МекКомас (каскадер од Бетмен и Невозможна мисија) кој заработува и по половина милион годишно, или Јуен Ву Пинг (Матрикс; Клекнат тигар, сокриен змеј) со 1 милион долари годишно.

Позајмување глас 3.000 до 1 милион долари од реклама
Дауни Јуниор за Нисан, Фримен за Виза, Џон Хам за Мерцедес, Кевин Спејси за Ходна и останатите големи ѕвезди заработуваат по 1 милион долар за еден ден зборење за реклама.

На страна од ѕвездите, останатите што снимаат реклами наплаќаат меѓу 3 и 5 илјади долари од реклама.

ТВ ѕвезди од 150.000 до 1 милион долари за епизода
Хали Бери, Кетрин Хеигл и Теа Леони заработуваат по 150.000 од епизода (ова помножено со 22 епизоди излегува околу 3,3 милиони за сезона). За тоа, некои од ѕвездите на Big Bang Theory заработуваат по 1 милион долари од епизода. Марк Хармон зема 500.000 долари од епизода на НЦИС, а Ештон Качер заработува 750.000 долари од епизода на Два ипол мажи (34.000 долари од минута).

Приватен готвач од 75 до 200 илјади долари годишно
На врвот се готвачите со Мишелин ѕвезди, ама зависи и од третманот што го бара клиентот - дали е на некој посебен режим на исхрана или слично.

Ѕвезда на реално шоу од ништо до 200.000 долари од епизода
Кардашијан и семејството земаа 40 милиони долари за 3-годишен договор со Е!, меѓутоа најголемиот дел од луѓето во реалните шоуа ништо не заработуваат од програмите. Тука парите доаѓаат ако успееш својот лик да го поврзеш и продадеш на некој бренд.

Сценарист на филм од 100.000 до 1 милион долари за сценарио
Според официјални бројки сценаристите во Холивуд минатата година заработиле вкупно 331 милион долари, што е 25% помалку отколку во 2009-та. Врвни сценаристи годишно заработуваат и до 5 милиони долари.

ТВ сценарист 3 до 6 илјади неделно
За разлика од Холивуд, ТВ сценаристите минатата година заработи вкупно 668 милиони долари. Најголем дел од нив работат на 20-неделни договори, по стапка од 3.800 долари неделно. За поискусните се плаќаат 6.000 долари неделно.

За останатите:

  • ANIMATION DIRECTOR $200K
  • ART DIRECTOR $134K
  • ASSISTANT ART DIRECTOR $101K
  • AWARDS SHOW PRODUCER $300K
  • BEST BOY $92K
  • BODY DOUBLE $33K
  • BOOM MIC OPERATOR $87K
  • CHAUFFEUR $56K
  • CAMERA OPERATOR $96K
  • CARPENTER $61K
  • COSTUME DEPT. SUPERVISOR $91K
  • COSTUMER $79K
  • CRAFT SERVICES FOREPERSON $74K
  • DOG HANDLER $54K
  • DIALECT COACH $125K
  • EDITOR $95K
  • FIRE SAFETY ADVISER $73K
  • FIRST ASSISTANT DIRECTOR $192K
  • FOLEY ARTIST $88K
  • GAFFER $59K
  • GARDENER (STUDIO) $50K
  • GRIP $102K
  • HAIRSTYLIST $77K
  • HAIRSTYLIST TRAINEE $66K
  • LIGHTING TECHNICIAN (ENTRY-LEVEL) $53K
  • LOCATION MANAGER $112K
  • MECHANIC $59K
  • MAKEUP ARTIST $100K
  • MODEL BUILDER $68K
  • MUSIC MIXER $111K
  • NOVELIZATION WRITER $12,500 per book
  • PAYROLL ACCOUNTANT $66K
  • PERSONAL ASSISTANT FOR A CELEBRITY $80K
  • PROJECTIONIST (STUDIO) $72K
  • PROP MASTER $59K
  • PUBLICIST (STUDIO) $93K
  • SCENIC ARTIST $81K
  • SCRIPT SUPERVISOR $62K
  • SCULPTOR $75K
  • SET DECORATOR $104K
  • SOUND EFFECTS EDITOR $88K
  • TEACHER (ON-SET) $88K
  • TRAILER EDITOR $81K
  • WIGMAKER, CLASS 1 $59K
  • WIGMAKER, CLASS 2 $69K
  • WILD ANIMAL TRAINER $75K

 

3 октомври 2014 - 14:27