Кој македонски министер ќе го прифати овој челинџ?

Лесно беше познати фаци да се полеваат со вода. За да ја подигне свесноста за еден сериозен здравствен проблем, еден Американец дал отказ од работа за да направи нешто за кое требаат муда.

По напуштањето на работата, Томас Кантли има доволно време да го исполни своето невообичаено патување; од Лос Анџелес да стигне до Њујорк цело време буткајќи огромен тестис.

Томас Кантли не е фрик. 31 годишниот Американец преживеал рак на тестис и сака да ја зголеми свесноста за болеста која е причина број еден за смрт од канцер кај мажите меѓу 15 и 34 години. А исходот не е неминовен; доколку биде откриен рано, ракот на тестисот може да се преживее во 94 проценти од случаите.

И затоа Кантли по Америка го бутка големиот надуван тестис по 8 часови дневно, надевајќи се дека попат ќе собере и 15.000 долари кои сака да ги донира во соодветна фондација,

"Тргнав без пари. Сакам луѓето да ме забележат и некој да рече, јас ќе ти платам спиење, друг да понуди да ми даде јадење. Ги сакам тие физички врски меѓу луѓето," вели американскиот Сизиф, кој покажува дека "имањето муда' не е анатомска туку карактерна особина бидејќи нему му се отстранети тестисите уште во 2009-та година.

Неговото патешествие можете да го следите овде.

4 октомври 2014 - 09:07