Пред-мор

Некои од тие фините компјутерски компании што нонстоп се во потрага по нови добри вработени, воведува нова пракса - две недели одмор пред прв ден на работа за секој нов вработен. Тоа се вика - пред-мор.

Идејата е наместо да го прашуваш човек "колку брзо можеш да почнеш," дај му фора на вработениот да си ги среди мислите и да дојде опуштен на работа.

"Ова го нарекуваме пред-мор. Доби само две недели ама се врати толку освежен и енергичен, што беше чудо. Денот кога ќе го добијат писмото со понуда за работа е како божиќно утро, во смисла дека имаат нова работа и дека веќе смислиле каде ќе одат на одмор," објаснува основачот и ЦЕО на 42Флорс, Џејсон Фридмен.

Компанијата Атласиан ја има оваа бенефиција, и плус на вработените им дава да земат колку сакаат одмор во текот на годината. По нивни пресметки, ова не направило многу разлика во вкупниот број на слободни денови.

"Сакаме луѓето секој ден да доаѓаат со најдоброто што го имаат, и сакаме да се тука на долг рок. Менувањето работа е значителна промена во животот и затоа сакаме да им дадеме на луѓето време да се наполнат, да минат време со семејството. Бидејќи во моментот кога почнуваш со новата работа, ти скокаш во нејзе," објаснила одговорната на Атласиан за човечки ресурси.

Професорот од Школата за менаџмент на УЦЛА, Дејвид Левин, признава дека концептот му е комплетно нов, ама генерално е скептичен кон неограничените одмори кои станале редовен дел од старт-ап културата.

"Кога можеш да земеш колку сакаш одмор, тоа значи дека можеш да земеш и малку, и вработените може да се чувствуваат несигурни околу тоа колку време може да отсуствуваат," објаснува Левин, според кој пред-морот веројатно и не може да си го дозволи секоја компанија.

6 октомври 2014 - 13:50