Грешка број 1: Граматички/печатни грешки
Ова е очигледна грешка ама постојано се повторува. Според анализата на КариерБилдер од 2013. околу 58% од резимеата имаат граматички или печатни грешки.
Најчесто овој пропуст им се случува на луѓето кои највнимателно ги штимуваат своите резимеа, заради тоа што тие постојано нешто менуваат во различни делови од текстот и на крајот е многу поверојатно да направат грешка. После толку поправки често се случува предметот и именката веќе да не си одговараат, или па останата е запирка на погрешно место, или изместено е подредувањето на датумите. Ова постојано го гледам на резимеата од магистрантите. Ваквите грешки се смртоносни бидејќи работодавците нив ги толкуваат како недостаток на ориентираност кон детали, или твоја негрижа за квалитетот. Решение?
Прочитај го резимето од долу па нагоре: менувањето на распоредот ти помага да се фокусираш на секој ред посебно. Или па дај му го на некој друг да го прочита.
Грешка број 2: Должина
Добро правило е една страна од резимето за секои десет години работно искуство. Тешко е се' да ставиш во ова, ама резиме од три, четири или десет страни нема внимателно да биде прочитано. Како што напиша Блез Паскал: "Ќе ти напишев кратко писмо, ама немам време за тоа." Јасно и фокусирано резиме ја демонстрира твојата способност за сумирање, приоритизирање и пренесување на најважните информации за себе.
Вака гледај на тоа: *единствената* цел на резимето е ти да добиеш интервју кај работодавецот. Тоа е тоа. Неговата цел не е да го убедиш работодавецот да те прими (за тоа служи интервјуто), или да ја раскажеш својата животна сторија (за ова служи твојот трпелив животен партнер). Твоето резиме е алатка која треба да ти го донесе првото интервју. Кога еднаш ќе влезеш во собата, резимето веќе ништо не значи. Скрати го резимето. Премногу е долго.
Грешка број 3: Форматирање
Освен ако не аплицираш за работа како дизајнер или уметник, треба да се фокусираш на правење чисто и читливо резиме. Најмалку фонт 10-ка. Маргини од најмалку 1,3 сантиметри. Бела хартија, црно мастило. Конзистентен простор меѓу редовите, подреденост на параграфите, твоето име и контакти на секоја страна. Ако можеш види како ќе ти изгледа резимето и во Ворд и во Гугл Документс, и потоа закачи ги на меил и отвори го да го прегледаш од таму. Форматирањето може да се измести ако го отвораат на различни платформи, и за тоа зачувувањето во ПДФ е добро решение.
Грешка број 4: Доверливи информации
Еднаш добив резиме од кандидат кој работеше во една од топ 3 консултантски компании. Компанијата имаше строга политика на доверливост: имињата на клиентите никогаш не смеаа да бидат споделувани. Во резимето кандидатот напиша: "Консултант за голема софтверска компанија од Редмонд, Вашингтон." Одбиен! Постои внатрешен конфликт меѓу потребите на твојот работодавец (да се зачуваат бизнис тајните) и твоите потреби (да покажеш колку си добар, за да добиеш подобра работа). Затоа кандидатите често наоѓаат начини како да го испочитуваат ветувањето што го дале во нивните договори за доверливост, ама не и самата смисла на овој договор. И ова е грешка.
Иако кандидатот не го спомна конкретно Микрософт, на секого му е јасно што тоа значеше (Редмонд, Вашингтон). Во многу површна ревизија откривме дека барем 5-10% од резимеата откриваат доверливи информации. Ова ми кажува, како работодавец, дека никогаш не треба да ги вработам овие кандидати... освен ако не сакам и моите тајни да се појават кај конкурентите.
Тука помага Њујорк Тајмс тестот: ако нешто не сакаш да го видиш на насловната на Њујорк Тајмс со твоето име на него, тогаш не го ставај тоа во резимето.
Грешка број 5: Лажење
Ова ми е најголемото разочарување. Никогаш, ама никогаш, никогаш, не вреди да излажеш нешто во твоето резиме. Секој, па дури и ЦЕО-та се отпуштаат заради вакви работи. Луѓето лажат за нивните дипломи (ако ти фали еден испит до дипломирање не значи дека си дипломирал), за резултатите од ГПА (најблиску нешто кај нас е екстерно, во кое кандидатите го заокружуваат бројот на освоени бодови секогаш на повисоката бројка) и каде биле во училиште (извини ама за работодавците не е иста он-лајн диплома за 'животно искуство' со диплома од УКЛА.)
Луѓето лажат колку долго биле во некоја компанија, колку големи им биле тимовите, и нивните резултати од продажба, и секогаш во нивна корист.
Има три главни проблеми со лажењето: 1. Лесно ќе те фатат. Интернет, проверка на референции, и луѓе кои работеле во твојата компанија во минатото можат да ја откријат твојата измама. 2. Лажењето ќе те следи до крајот на животот. Лажеш на твоето резиме и по 15 години добиваш големо унапредување и ја откриваат лагата? Нормално дека си отпуштен. И после пробај ова да го објасниш во следното интервју. 3. Дома твоите не те учеле така. Сериозно.