Сексот е секс, ама парите се пари

Светлана З. е 24-годишна пензионирана ескорт девојка која на 19 години доаѓа во Њујорк од рускиот град Челабинск. Во себе има 300 долари. 4 години подоцна се пензионира со 200.000 долари, сите од секс за пари. Плус, на нејзините им купила викендичка.

Девојката е целосно на чисто околу тоа што го работи, и објаснува дека ниту е жртва на трговија со луѓе, ниту е силувана некогаш, ниту мрази мажи или пак се дрогирала. Никогаш немала проблеми со татко ѝ, ниту пак ги обвинува родителите за работата. Себе си се гледа како бизнис жена. Дошла да заработи, и добро ѝ тргнало.

И покрај регуларните проблеми во бизнисот (не е легален, плус понекогаш треба да се справуваш со идиоти), таа најмногу излегува од проституцијата затоа што сега има пари за да студира филм и психологија, и затоа што евентуално сака да се омажи и да има деца "а колку подолго работам како ескорт толку покомпликувано станува тоа."

Кога доаѓа во Америка, Светлана се разочарува од првиот призор на Њујорк, и гледа дека "Tоа не е Америка за која слушала. Грди луѓе, луѓе во инвалидски колички, стари луѓе, смрдливи улици и луѓе облечени во полоши алишта отколку во Советскиот сојуз."

Пробува да се вработи во ресторани или како медицинска сестра. Кога ова не ѝ успева, се пријавува на оглас за танчeрки. Таму поминува ужасно ("пијани мажи кои се обидуваат да допрат различни делови од моето тело") ама заработува 300 долари и ветува дека никогаш повеќе нема да се врати. Потоа се јавува на оглас за работа во турско кафуле, каде газдата директно и кажува дека не мора ништо да работи, само да зема плата и да има секс со него.. Сето ова и се случува во првите 2 недели во Њујорк.

Се пријавува на оглас за масерка на кој не бараат искуство и нудат до 500 долари на ден.

"Стоев во собата со друга девојка и кога дојде дечкото и се соблече, го правев истото што го правеше и таа, му ги масирав нозете и грбот. Потоа по 30 минути другата девојка се соблече и тогаш сфатив 'аха, заради ова ме плаќаат по 100 долари на час.' И јас се соблеков и почнавме да му го дркаме."

Таму работи 5 дена неделно. По два месеца е отпуштена од салонот, и се уште не и е јасно дали тоа е затоа што приватно се гледала со некои од клиентите или сопствениците сакале постојано да имаат нови девојки.

Со една од колешките заедно изнајмуваат стан, купуваат маса за масажа и почнуваат сличен бизнис. Секоја од нив заработува по околу 800 долари на ден (и ова само за масажа, не нудат ништо дополнително).

Прв пат секс за пари има со еден нејзин редовен клиент за масажа. Тој прво и нуди 1.000 долари за еден час секс, што таа го одбива. Сепак човекот малку повеќе инсистира и по неколку денови ја кани во хотелот Плаза.

"Имаше скап апартман, со одличен поглед, отвори шише шампањ и почнавме да муабетиме. Некое време зборувавме, по што се соблековме и имавме секс. По ова тој ми даде плико со 1.000 долари, ама рече дека не било плаќање, туку дека едноставно многу сум му се допаѓала.

Следното утро мораше да оди за Чикаго... Не ми се јави кога се врати од Чикаго. Го побарав ама не ми крена, па се јавив кај него на работа. Секретарката ми рече дека 'не е достапен,' и дека никогаш нема да биде. Дента ми се отворија очите."

Додека работи има два лика - Ангелина и Ана. Првата е интелигентна, слатка и забавна, "која сериозно го сфаќа уживањето во животот," а втората е посрамежлива, европска придружничка која обожува луксузни патувања.

И двете се во топ 1% од сите ескорти на ТЕР (The Erotic Review), Ангелина наплаќа 800 долари на час и 4.000 долари за цела ноќ, а тарифата на Ана е 900 со 5.000 долари.

Високиот пласман (во бизнис преплавен со млади и убави девојки) таа си го објаснува со нејзината работна етика и вниманието на детали. Ова се некои од лекциите што ги има научено "од бизнисот со секс за пари" што и помогнале во успехот.

1. Треба да трошиш пари за да направиш пари.

Им платив на луѓе да ми го напишат огласот. Му платив 1.500 долари на професионален фотограф за да ме фотографира. Сето ова беше инвестиција во мене.

Најдобрата страна за ескорти Eros.com наплаќа 400 долари месечно за да ставиш реклама. Наплаќаат најмногу, ама ги привлекуваат најсериозните ескорти и клиенти. Трошев по 50 долари на ден на Ерос за да бидам во "Што е ново" секцијата, и открив дека за да има влијание мора да бидам "нова" барем 20 дена во месецот. Трошев по 500 долари неделно за да бидам во препорачаните. Ете ти ги 4.000 долари месечно. Девојките кои ги плаќаа само основните 400 долари месечно, добиваа по еден меил во две недели.

После имаш кирија, затоа што ти треба посебен стан за работа, а во Менхетен тоа чини околу 3.000 долари. Можеш да земеш и поевтин во Бронкс или Квинс, ама кој човек со пари ќе ти дојде таму?

На почетокот моите први огласи имаа многу малку текст. Она што сега го знам е дека момците сакаат да ги знаат жените што ги ебат. Ова ме изненади ама голем број од нив - најголемиот - имаа потреба да чувствуваат некаков вид на врска. Кога ќе читаа за насмевките на Ангелина, или желбата за луксузни патувања на Ана, тоа ги правеше комфорни. А кога се комфорни се јавуваат. Секогаш се чудев зошто Плејбој ги става оние малите интервјуа до фотографиите на девојките. Сега знам. Мажите сакаат да се чувствуваат како да ги знаат девојките на кои дркаат.

2. Искористи ги стереотипите.

Ана и Ангелина звучат егзотично и премногу општо и странско без некоја посебна националност.

Откако ги научив сите стереотипи (јужноамериканките се диви, Азијатките се лоши, Русинките се згодни и зли, Американките се слатки и во добра форма), одлучив дека Ана и Ангелина ќе бидат убави и мистериозни, космополити, ама никој нема да може од нивното име да открие од каде се.

3. Цената е таман.

Денес можеш да ебеш порно ѕвезда за 2.000 долари и тие се огласуваат на истите сајтови како и јас. Можеш да најмиш девојка за 4.000 долари месечно. Имаш секс одмор за 2.000 долари каде во парите освен сексот добиваш храна и сместување. Ако сакаш да направиш пари како ескорт треба да понудиш нешто специјално. Работев со парови, играчки, улоги и БДСМ. (Анал прифаќа дури многу подоцна и открива дека за тоа може да наплати повеќе пари, околу 1.500, затоа што на машките им е срам да побараат и мислат дека не им се допаѓа на девојките.) Меѓутоа, најмногу нудев разбирање. Вистината е дека дури и за момците кои ме најмуваа по три или четири часа, сексот обично траеше околу 15 минути. Она што купуваа беше разбирање.

Белите девојки можат да наплаќаат најмногу, потоа се латиносите, па Азијатките (Корејките и Јапонките повеќе отколку Кинеските) и на крај црнкињите.

4. Еден е најпрофитабилниот број

Салоните за масажа ти земаат околу половина, агенциите за ескорт околу 30 до 40%.

Агенциите што рекламираат дека имаат по 20 девојки, обично имаат една бринета и една блондинка, и тие мора многу напорно да работат. Ако агенцијата има 20 клиенти на ден, секоја од девојките мора да ебе по 10 момци на ден. На крај од летото ќе имаат 50.000 долари, ама за тие пари морале да изебат многу мажи. За мене тоа не се исплати.


Во однос на подготовките за клиент, процедурата е следна:
- Стартната позиција е 170 сантиметри, 54 килограми, долги нозе, кафеави очи и полни усни. Вегетаријанка и има персонален тренер.

- Маникир и педикир минимум 2 пати неделно, секогаш црвена боја, и скапа долна облека.

- Маскара 130 долари, боја за коса 200 долари, сенка за очи 50 долари, карминот и пудрата исто толку. Комплет долна облека барем 100 долари.

- Да не ги споменувам чевлите.

Кога ќе се појави човекот се правиш дека не го забележуваш пликот и се трудиш да направиш тој да се чувствува дека е убав, "што и не е тешко кај човек што може да си дозволи да плати по 1.000 долари на час, бидејќи тој веќе мисли дека е кул."

"Сите сакаат да направат да свршиш, и сите сакаат да свршиш повеќе од еднаш. 60-годишниот маж кој сака да свршам 5 пати пред тој да има оргазам верува дека тоа го прави затоа што се грижи за мене. Ама тоа е затоа што тој сака да си докаже на самиот себе дека млади девојки се уште може да свршуваат на него. И секако дека се преправам. И научив дека најдобриот, најубедливиот, најлесниот начин за да им покажам на клиентите дека имам оргазам е да им кажам 'само што свршив.' Толку. Ништо посебно. Не сум добра глумица и секако тоа не е неопходно. Сите веруваат. Сите се горди."

Објаснувајќи дека дел од работата и е да направи да им биде интересно на муштериите (надвор од сексот), Светлана раскажува како цело време им зборела дека само што се вратила од пат во Дубаи или Хаваи и како таму си поминала, заклучувајќи "Мажите сакаат да ебат жени со убаво лице и тенко тело, ама тие исто така сакаат да ебат и интересни девојки."

За работните навики:
- Гледа да не оди во ресторан, бидејќи ќе изгуби 2 часа на вечера, што би ја чинело 1.600 долари во изгубени пари.

- Ако мора да оди на вечера, јаде само салата и сок. Без лук, кромид или кафе. Ништо што смрди. Дури и ако не му пречи на клиентот, ќе му пречи на некој друг.

- Не пие алкохол и не се дрогира.

- Плаќање однапред и цената не се дискутира по телефон

- Кондоми, нормално.

- Работи 12 часа на ден, од пладне до полноќ.

- Секогаш си точен и културен, дури и ако клиентот е дрзок.

- Резервации 2 до 3 дена однапред.

За клиентите:

- 90% од клиентите се женети и банкари.

- Околу една третина од мажите сакаат да гледаат како мастурбираш.

- 50% ми имаат кажано колку им е голем (тие со стварно џиновски, ми беа голем проблем).

- 80% ме прашаа дали сум свршила.

- Младите момци се лоши, девиците се ужасни, младите девици се кошмар. (Имав еден клиент, кој до 25 години само гледал порно и мастурбирал. И цело време само ми кажуваше позиција оваа, позција онаа, вака врти се... Мислам дека не ни знаеше како да зборува со жена. Ми беше жал за него.)

- Има четири типа на клиенти: момци што плаќаат за твоето друштво, момци што мислат дека купуваат врска, момци што мислат дека те поседуваат, и парови. Првата група е наједноставна, втората знаат понекогаш многу да бараат, третата се најголемиот проблем, четвртата ми е омилена - дечкото што ме вика за тројка со жена му или девојката. (Обично во тројки, повеќе време минува со девојката.)

Откажувањето од бизнисот е сериозно тешко, не заради друго туку затоа што човек се навлекува на парите, и постојано го одлага излегувањето за следната недела, "кога ќе видиш, минала една година." Она што сега најмногу и недостасува од бизнисот, е дотерувањето, шминкањето и носењето скапи фустани. Сега со недели носи маички и фармерки.

Откако излегла од бизнисот имала еден дечко и неколку љубовници, ама некако не е исто како претходно, "дечкото никогаш не те размазува како клиентот."

"Ако некој не те плаќа, не мора да му го пушиш, не мора цело време да му се смееш, можеш да бидеш каква што навистина си. Ама по некое време се чувствуваш дека нешто ти фали. Тоа нешто се парите. Седиш во истиот стан, ти си истиот ти, ама нешто недостасува. Новчаникот ти е празен. Сексот е секс, ама парите се пари."

14 октомври 2014 - 12:29