Според Марк Рипето силата е клучна за фитнесот (за кој спорт и да го одбереш), а проблемот е што најголемиот дел од фитнес програмите функционираат како култови и во нив преовладува едноумие.
"Ако сум инструктор по јога, ќе ти кажам дека најважна работа во фитнесот е флексибилноста. Ако сум инструктор по аеробик, ќе ти кажам дека најважно е кардиото. А ако сум по КросФит, тогаш ќе те убедувам дека се е важно. Мојот став е дека силата е основа за секоја физичка интеракција со околината. Ако не си снажен, не е важно каква кондиција ти има срцето и белите дробови кога немаш сила да се исправиш," објаснува Рипето.
За сите што сакаат да работат на снага, тој предлага пет движења со шипка за тегови и зголемување на тежината со тек на време. Движењата се: чучњеви, кревање од место (стоечки), шипка на клупа, кревање шипка од место до рамења, и кревање шипка на исправена клупа.
Објаснувањето е дека овие вежби ќе му дозволат на телото да се движи анатомски и во исто време го прави секој мускул посилен, дури и ако цело време ги повторуваш истите вежби.
"Еден од најголемите гневови во однос на модерниот пристап на фитнесот е дека премногу варираат со вежбите. Тие ги мешаат концептите на тренинг и вежбање," вели Рипето.
За разјаснување, треба да се знае дека вежбањето е физичка активност "која се прави за ефектите што ги произведува денес," додека тренингот од друга страна е "процес на стекнување физички адаптации кои ќе ги задоволуваат твоите физички потреби во иднина." (Разликата меѓу човек што џогира и некој што вежба за маратон. Човекот што џогира тоа го прави за денес убаво да се чувствува, маратонецот вежба за својата врвна форма да ја постигне на денот на трката.)
Иако предлозите изгледаат како да даваат предност на кревањето тегови, според неговите "колеги", забелешките на Рипето се на место бидејќи се повеќе аматери се концентрираат на една единствена рутина, "силни сме на точак, ама не можеме да направиме ниту еден склек. Или пак без проблем ги правиме вежбите со тегови, ама не можеме да истрчаме повеќе од еден километар. А уште помалку некој од нас тренира за конкретен настан или цел."
"Издигнете се над тривијалноста на фитнес индустријата. Размислете што сакате и што планирате да стекнете, за да можете парите и времето да ги трошите поефикасно," објаснува Рипето.