Како актерка, најбитно ми е да барам улоги кои ме предизвикуваат, кои не пасуваат во стереотипите. Ќе ви звучи смешно ама сакам да одработам еден акционен филм. И во комедија ми се глуми. Луѓето почнуваат да ме сфаќаат премногу сериозно, би било добро да ги изненадам.
Омилено место ми е дома. Сакам да готвам за пријатели. Но сè зависи дали сум во Лос Анџелес или не. ЛА е тежок град, не постои центар или локални места за среќавање. И воопшто не е добар за пешаци.
Ако не глумев, веројатно ќе имав свој грчки ресторан.
Омилена пцовка ми е: фак! Не знам зошто, кратка е, брзо излетува од уста и ја доловува поентата.
Последен кој ме видел гола е моето куче, утринава кога се облекував.
Омилени делови од моето тело ми се очите и задникот. Очите ми се на татко ми. А газот, едноставно си го сакам. Како помала се нервирав што немам цицки. Сега сум далеку посамоуверена по тоа прашање: Ок, немам цицки ама го имам ова.
Како помала бев зацапана во Карла Гугино. Многу ја сакав.
Најдрагоценото нешто што го поседувам е моето куче. Неодолив доберман пинчер.
Маж може да ме привлече со поглед. Очите навистина се прозорци кон душата. Погледите се како тивка борба со сексуална тензија и можат да бидат многу забавни.
Следно ми е да ги исполнам прес обврските околу филмот "Open Windows".
После доаѓаат некои аудиции. Сакам да продолжам да пишувам, да продолжам да бидам Ди Џеј, да фотографирам. Едноставно, сакам со сè да продолжам.