Живот и забава

Луанда е најскап град за емигрирање од Македонија

Според последната листа на трошоци за живот во светските градови, најскап е главниот град на Ангола кој води пред вообичаените скапџии Хонг Конг, Цирих или Сингапур. Како е тоа можно?

Вошки фативте од тоа селфињата

Според една многу лабава теорија неочекуваниот скок на бројот на заразени постари деца во споредба со пред 5 години е последица на "вошки од социјални медиуми".

Германија забранува ГМО

Следејќи го примерот на Шкотска, Германија е на пат да воведе комплетна забрана за ГМО семиња и да излезе од блокот од ЕУ кој ќе почитува позитивните листи на генетски модифицирани организми.

Зошто салатата е преценета

Ако салата останеше на својот почетен статус, како прв чекор на една долга неколкучасовна дружба, никој немаше да и се настрви да ја критикува, па да и ги реди сите можни глобални проблеми што ги создава. Откако запнаа да ја направат нутриционистичка светиња, почна и контра-ударот.

Школскиот ден треба да почне подоцна

Будењето деца за на школо зимно време (во погрешната временска зона во која упорно остануваме) личи на будење јадни фабрички работници. Данокот го плаќа нивното здравје и образовниот успех. Америка мисли да поместува.

Не, не ти требаат 8 чаши вода на ден

Во 1945-та, американскиот борд за Храна и нутриција објавува препорака дека на луѓето им се потребни 2,5 литри вода на ден. Ова станува мантра на секој доктор и нутриционист. Она што сите тие го имаат пропуштено е дека препораката продолжува со "најголемиот дел од оваа количина е содржана во храната што ја јадеме."

Време е пешаците повторно да ги освојат улиците

Автомобилите се агресивни суверени на градските улици додека пешаците треба да бараат пешачки премини и таму трпеливо да чекаат некој да се смилува и да застане. А бидејќи се сè подисциплинирани, сè почесто и гинат по зебрите. Индустријализација + пешацизација = раат?

Каде Папата Франциско научи скромност

Првото патување на Папата во странство е во Рио. Пред тргање од аеродромот во Рим, новинарите се веќе во авионот и го чекаат Папата кој необјасниво одбива да влезе. Во позадина, Франциско се објаснува со својот протокол и бара од нив да му ја вратат актовката која веќе ја однеле во авионот. "Не разбираш. Оди во авион. Земи ја, и те молам донеси ја тука." Она што помошниците не разбираат е дека до тогаш папите никогаш не го носеле својот багаж.

Тоа е само работа, не мора да запнувате

Некогаш длабоко верувавме дека во иднината роботите ќе работат а ние ќе уживаме. Зошто тогаш денес 'рмбаме ко коњи? Целата статија на Њујоркер можеби би можела да се сведе на она: "If you're busy, you seem important."

Прасето беше Мона Лиза

За оние кои планираат годинава да здуваат на Октобер фест, потсетување дека постирањето фотки од некој фино аранжиран оброк може да донесе и есап за кршење на авторски права и злоупотреба на уметничко дело. 

По 2 века, париските фурнаџии можат да одмораат кога сакаат

Како наследство од Француската револуција, на париските фурнаџии уште од 1790-та им беше забрането летно време да ги затвораат пекарите, со цел да се осигури дека градот и во овој период од годината ќе има пристап до багет.

Базен на небо

Наш човек уште од старт има еден шлепер ментални препреки кои би го спречиле да го посака / смисли ова: кој ќе го чисти од бигор, да не им прска на комшиите, да не ми го маваат со камчиња, да не прокапе, па што ќе речат комшиите...

#НаТочакБиро подобро од теретана

Изолирани напливи на вежбање не ги поништуваат штетните последици од целодневно седење во канцеларија. Ама затоа, многу работа околу ова ќе ви заврши - возење точак додека работите. Ајде сега да видиме како тоа.

За луѓе со едно многу конкретно нетрпение кон другите

Станува збор за една неодамна дијагностицирана состојба, од која страдаат мал број на луѓе, и која има многу мала но пркосна заедница на научници кои ја изучуваат - мизофонија – наплив на гнев од звукот на џвакање храна.

Еден бауч кружи над американските глави

Мислевте само ние ќе ќариме од еволуцијата? Мутрирани вошки, отпорни на сите познати средства против нив, сериозно се шират низ градовите на Америка. Веќе добија таблоидно податливо име "супер вошки" а почнаа да фрчат медиумски предупредувања од типот: "Кријте ги децата, кријте ги главите!". Чешањето може да започне.

Типичниот американски живот, недела по недела

Секој има своја замисла како изгледа типичниот живот во Америка. За некого тоа се едноличните дворчиња и поштенски сандачиња, за некого бината на CBGB со Иги Поп на неа. Статистиката пак дава своја, не најбитна ама занимлива перспектива. Жално е колку најубавите години од животот имаат премал удел во целиот колач наречен живот.

Цел живот е лага и измама

Витамин Ц (суплементот) не помага во лечење настинка. Можеби помага во лечење на други болести, ама настинка ниту лечи, ниту некогаш лечел.

Мајмуни го тераат своето камено доба

На неколку места во светот се најдени интересни камени алатки. Она што ги прави интерсни не е нивната старост туку кој е мајсторот.

Сите девојки гласно да викнат: ВАГИНА!

Збор кој се однесува на вашето тело не може да биде срамен и непристоен збор. Затоа, викнете слободно и гласно. Ако сте помлади, не сте ослободени од обврската. Напротив.

Несовршените - сервис за грди овошја и зеленчуци

Истите луѓе што во 2011-та ја основаат Мрежата за спасување на храна, преку која успеваат да спасат 315 илјади килограми храна од кампусите на 150 колеџи, сега се фаќаат со уште поголем проект - да го спасуваат грдото овошје и зеленчук низ САД.

ФБИ досието на Џорџ Карлин

Во 1969-та тогаш 25-годишниот Џорџ Карлин се појавува во шоуто на Џеки Глисон. Ова е првиот момент кога ФБИ се интересира за комичарот.

Безос во одбрана на Амазон

Њујорк Тајмс на долго и на широко пишува за нечовечките услови (според Западно чувство на нечовечност) за работа во Амазон и дека компанијата би била најсреќна ако сите вработени едноставно се заменат се роботи и да се заврши целата драма. На ова реагира Џеф Безос, не до Њујорк Тајмс, туку до своите вработени.

Неочекуваниот ќар од играње Тетрис

Научници се потрудиле да ги истражат придобивките од играње Тетрис, ние се потрудивме да ставиме Тетрис на крај од статијата.

Новото Топ Гиар ќе биде "многу скапо"

По зборовите на основачот на Амазон, Џеф Безос, новото шоу на поранешните водители на Топ Гиар ќе биде "многу, многу, многу скапо". А Безос не е човек кој лесно се плаши од пари.