Во право бевте за луѓето со инспиративни цитати на Фејсбук

Се што мислевте и за цитатите и за тие што ги објавуваат ви е потврдено во студијата од Универзитетот Ватерло со извонреден наслов "За приемот и детекцијата на псевдо-продлабочени срања."

Објавена во журналот Проценка и носење одлуки, во студијата учесниците треба да го кажат своето мислење за бесмислени фрази составени од истражувачите, пример: "Скриеното значење ја трансформира апстрактната убавина", и подеднакво инспиративни цитати од луѓе. По ова истражувачите во пресметката земаат и останати фактори како когнитивна способност и онтолошка забуна (побркување на еден тип знаење со друг).

Резултатот е дека луѓето кои ги оцениле бесмислените изјави како длабоки "имаат пониска когнитивна способност, повеќе се склони кон онтолошка забуна и конспиративност, и е поверојатно да имаат религиозни или паранормални верувања, и е поверојатно да поддржуваат дополнителна и алтернативна медицина."

Во студијата истражувачите се користат со најразлични извори за псевдо-продлабочени срања, вклучувајќи и веб-страна која автоматски генерира "синтаксички поврзани реченици составени од неодредени клучни зборови."

Меѓу главните извори на цитати од реалниот живот им била Твитер сметката на Дипак Чопра, еден од најпознатите Њу ејџ просветители, кој има твитови како "Attention & intention are the mechanics of manifestation #CosmicConsciousness".

"Срањето не само што е често, туку е и популарно. Чопра, секако е само еден пример меѓу

многумина," објаснуваат авторите на студијата.

Прво на учесниците им биле пуштени рандом генерирани фраза, кои требало да ги оценат од 1 до 5 според нивната "продлабоченост". Во втората фаза ним им се дава комбинација од генерирани фрази и твитови од Чопра. Резултатите покажале дека оние кои дале високи оценки за продлабоченост на генерираните пораки, исто така дале високи оценки за твитовите на Њу ејџ гуруто, "што покажало дека испитаниците не можеле да разликуваат меѓу генерираните и вистинските цитати."

Реакцијата на Чопра на студијата е: ""Bullshit"is a response of intellectually challenged self appointed vigilantes for suppression of curiosity".

4 декември 2015 - 16:22