Разговара: Ана од Метрополис:
Ана, Дејвид е. А ти драга си мојот последен дејт за денеска... и почнувам со подготовките за турнејата
Здраво Дејвид, имам слушнато за тоа... знам дека правите нешто големо и важно.
Што турнејата? ... О да, да. Почнавме во Северна Америка, направивме долги три месеци во САД, најуспешни што досега сме ги имале, откако ги реоформив Whitesnake во 2003. Што е фантастично, иако некој од моите песни со Deep Purple не и беа познати на публиката, како што знам дека ќе им бидат познати на моите европски пријатели... Навистина возбудата е голема, бидејќи ова шоу има музика од почетоците на Whitesnake, до некои Deep Purple песни од Mark III и Mark IV. Тоа е навистина возбудливо Ана, вистинско задоволство е да се работи ова. Музичарите се одлични, свират исклучително и тоа е навистина инспиративно за мене како изведувач.
Од она што можам да го слушнам, ми се чини дека навистина се забавувате на турнејата?
Ако не се забавував, немаше да го правам ова. Мора да биде забавно. Има неколку работи кои ја поттикнуваат инспирацијата и пасијата, забавата е сигурно една од тие.
Да зборуваме уште малку за турнејата... Веќе споменавте дека бевте во Северна Америка, октомври е букиран за Јапонија...?
Да, всушност тргнувам овој викенд, со мојот син возиме до Лос Анџелес, неколку дена пред да летам за Јапонија, затоа што тој тргнува на колеџ! Син ми ќе учи за да биде глумец и тоа е навистина возбудливо... Потоа јас летам за Осака.
Честитам за Вашиот син :)
Тој многу гордо носи слика од Александар Македонски околу неговиот врат. Подарок кој го добив последниот пат кога бев во Македонија.
Значи тој го носи наследството на колеџ?!
(се смее) Да. Тој е Jasper Велики.
The Purple Album... содржи некои од класиците на Deep Purple, снимени со Вашиот бенд Whitesnake. Зошто овој албум сега? Што Ве натера да преснимите некои од песните од Вашето време во Deep Purple?
Ова прашање има навистина долг одговор, но ќе се обидам да го скратам. Во 2012 добив порака од Jon Lord, кому тогаш веќе му беше дијагностициран рак. Агресивна форма на рак, но тој беше решен да го победи. Зборувавме и ме праша дали би направил повторно собирање на Deep Purple. Јас реков, секако, ќе бидам тука за тебе. Но, одненадеш тој почина. Она што сметав дека треба да го направам е да му се јавам на Ritchie Blackmore. Ние двајца одлично се согласувавме додека бевме во Deep Purple. Но подоцна нашиот однос стана многу компетитивен, посебно во раните денови на Rainbow и Whitesnake. Ние двајца одамна се немавме видено, а последниот пат кога се сретнавме имавме физичка пресметка, што е лошо за било кого, но ужасно лошо за музичари. Во тој момент јас навистина чувствував дека треба заедно да го поминеме тој период и да ја поделиме тагата за загубата на таков исклучителен пријател и колега. Среќен сум што можам да кажам дека со Ritchie ги надминавме сите негативни чувства. Тој беше навистина пријатен и ми даде комплименти за мојата работа и успех без да се потпирам на славата со Deep Purple. За мене тоа беше многу важно, бидејќи Ritchie е еден од моите херои.
Кога веќе сите несогласувања од минатото беа зад нас, Ritchie ме замоли да зборувам со неговата менаџерка Carol,која ме праша дали сум заинтересиран да работиме Deep Purple проект заедно со Ritchie. Pеков, ок ако го правиме ова, зошто Keith Emerson да не биде клавијатурист. Таа ме праша дали би сакал дел од тимот да бидат Roger Glover или Glenn Hughes, реков секако, Glenn е мој soul brother.
Тогаш почнав да се навраќам на музиката од тоа време, на песните од албумите „Burn“ и „Stormbringer“, ги учев одново и одново се поврзував со нив. Почнав да правам нови аранжмани на некои од песните, надевајќи се дека Ritchie ќе биде отворен за идејата да ставиме некои нови бои на „Куќата на Пурпурните“. Но како течеа разговорите со Carol и колку таа повеќе разговараше за бизнис со мене јас сфаќав како тоа не е нешто што јас навистина сакам да го правам. Со огромна почит јас се повлеков од секаква понатамошна можност за соработка...
Имав вечера со мојата сопруга и зборував како е навистина штета што сиот тој труд и работа кои го вложив ќе бидат залудни, дека никој нема да го слушне тој материјал. Но тогаш таа рече, зошто не го направиш Whitesnake проект. Реков - О, боже! Размислив, и сфатив колку соодветно би било после се, да го направам овој проект. Да завршам, како што почнав. Менаџментот на Deep Purple никогаш не издадоа материјал со The best off - Mark III и Mark IV реков Fuck it, да го направиме тоа. Музичарите беа заинтересирани и позитивни исто и продуцентската куќа. Албумот е неверојатно успешен, така што мислам дека тоа беше вистинскиот потег. Но, не мислам дека ова е мојот последен албум Ана.
Се надевам дека тоа е така, дека ова не е Ваш последен албум, и среќни сме што ја имате мудроста на Вашата сопруга.
(се смее) Да, славиме 25 години години заедно оваа година, мислам дека таа е исклучително добра за мене, се надевам дека и јас сум подеднакво добар за неа.
Но да, да се вратам на албумот, песните не звучат старо ниту пак така ги чувствувам кога ги изведуваме. Слушав некои од снимките во живо од турнејата, Ана, неверојатно е, овој бенд е одличен. Свират музика на Whitesnake одлично, нормално. Но ја свират и музиката на Deep Purple уште подобро. Ќе слушнеш и сама кога ќе дојдеме на концерт во Македонија. Многу е моќно и можеш да видиш дека музичарите уживаат. Можеш да видиш и слушнеш а се надевам и дека публиката може тоа и да го почувствува. Многу сум возбуден што можеме да ја изведуваме оваа музика.
И самиот споменавте претходно. Имам чувство како да затварате цел еден круг или циклус со овој албум. Како планирате да го почнете новиот?
Кога работевме на албумот „The Purple Album“, со моите копродуценти Michael McIntyre и Reb Beach, си помислив, имам 63 години, уште колку време имам да го правам ова. Мислев дека ова е одличен начин да завршам, како што почнав. Но, целиот процес ме реениргизираше, пишувам нова музика, ќе снимам нова музика следната година... Едноставно ме ревитализизираше, реениргизираше, така што сите идеи кои ги имав за пензионирање пред 6 месеци... бев искрен кога давав изјави во некои интервјуа пред неколку месеци, но навистина поминав одлично и многу се забавувавам за време на турнејата... Неверојатно е.
За мене е навистина инспиративно да Ве слушам кога го кажувате ова. Се чини дека сте нашле нов предизвик во стар материјал, што е многу возбудливо.
За мене беше огромно воодушевување да реоткријам колку фасцинантен бенд беше Deep Purple. Јас не сум носталгичен човек, јас не ја слушам музиката од тоа време, морав одново да се запознаам со тие песни. Не беше само рекреирањето на истите туку и за реизмислување на некои од нив. Во ниту еден момент не им реков на моите музичари, сакам ова да го свириш како Ian Paice, Tommy Bolin или Glenn Hughes. Музичатите, почнувајки од Tommy Aldridge на тапани, дојдоа и оставија свои индивидуални печати на истите. Сите дадоа свој придонес во овој проект, сега кога ги изведуваме во живо е уште подобро од кога ги снимавме. Тоа инспирира, да се гледа во иднината кон нови работи, со овие момци, кои се одлични музичари, така што немам желба да ги предадам моите рок'н'рол патики сеуште.
Ме инспирирате и мене...
На California Jam фестивалот излеговте на бина со чек од 1 милион долари во Вашиот џеб. Чек кој Ви го дадоа Warner Brothers?
Да, во џебот од моите фармерки, бидејќи тоа беше најбезбедното место.
Можете ли да ми ја раскажете таа приказна? Зошто?
Само што добивме исплата, а сите многу се забавувавме па менаџментот само ми рече, еве стави го ова во џебот, бидејќи цело време ме снимаа камери па така никој не можеше да го украде... тоа беа глупости (се смее). Позади сцената исто имаше една жена по име Linda Lovelace, која некои ја знаат од порнографија од еден филм насловен како Deep Throat. Таа сакаше да ги запознае членовите на Deep Purple но никој сеуште немаше слушнато за филмот.
Сигурно многу сте се каеле подоцна дека сте ја пропуштиле шансата да ја запознаете?
Ох да, кога полетавме од фестивалот во авионот кој се викаше Star Ship, Warner Brothers ни испратија филмови за да ги гледаме за време на летот. Тогаш некој рече, Deep Throat, чекај нели оваа девојка е онаа истата од пред малку?! Го пуштивме да го гледаме филмот и сите веднаш сакаа пилотот да не врати назад на California Jam (се смее)
Господине Coverdale, под кои услови би ја скратиле косата?
Всушност ја скратив, во 97, кога го добив мојот син. Не знам дали имате деца, но децата имаат навика да „грабаат и јадат“ работи, без разлика дали е тоа кал, растенија, играчки... мојот син ја „грабаше“ мојата коса цело време додека го држев во раце кога беше бебе. Тогаш реков, fuck it, едноставно беше време да се направи тоа. И приватно бев сосема во ред со тоа, но кога настапував таа година, навистина ми беше ужасно што ја немам мојата лавовска грива. (се смее) Јас уживам во неа, мојата сопруга ужива во неа... Не сум убеден дека ги сака моите бекенбарди, кои ги пуштив како трибјут за седумдесетите. Но да, мојата коса е долга сега и навистина уживам во неа без намера да ја кратам.
Ја споменавте вашата сопруга Cindy повеќе пати во интервјуто, па морам да прашам за неа. Мора да е прекрасна за да задржи рок’н’рол пастув како Вас?
Таа е мојот најдобар пријател и мајката на мојот син. Jasper се роди кога јас имав 45 години, и не мислев дека ќе имам уште деца. Имам прекрасна ќерка, а имам и две внуки, јас сум дедо во движење. Но, Jasper ме одржува млад и тоа е едно од најскапоцените работи на светот. Мојот најтежок пат е кога ги оставам и најубав кога се враќам дома кај нив. Тие секако ме придружуваат и на турнеи, мислев дека син ми ќе може да помине повеќе време со мене на пат на оваа турнеја, бидејќи сега кога почнува со колеџ мислам дека ќе нема толку слободно време за да лета наоколу по светот со мене. Тој ќе биде супер ѕвезда, не се сомневам. А ако сакате да ја видите мојата сопруга погледнете го видеото на „Love will set you free“, кое го направивме пред неколку години, на кое таа ми гостуваше. А исто и на каверот на „Into the light“ албумот, како мој ангел, што секако е...
Сигурна сум, заедно сте 25 години, мора да е...
Двајцата знаеме колку скопоцено е тоа што го имаме, па се обидуваме да го држиме свежо. Како да се грижиш за убава градина, ако ја игнорираш или запоставуваш долго време, трева ќе порасне. Навистина е прекрасно, јас сум благословен во секој аспект од мојот живот Ана.
Се надевам дека некој од нашите слушатели ќе земат некои од Вашите совети и ќе ги применат во својот живот за да го имаат она што Вие го имате...
Тоа не е поврзано со богатство или успех, тоа е повеќе состојба на умот. Можам да ги видам страдањата и борбите ширум светот, но ако дозволиш тоа да те преплави, ќе се удавиш во негативност. Треба само да погледнеш еден канал со вести за да видиш колку е многу проблеми има нашата прекрасна планета Земја, но не смееме да дозволиме тоа да не затвори за инспирација, експресија и љубов. Тоа се работите на кои секогаш можеме да се потпреме за да не се „удавиме“.
Вие имате двојно државјанство. Британија или Америка?
Мислам дека мојот пенис е британец (се смее).
Како знаете. Дали е posh?!
Кога и да ја слушне химната на Британија, тој станува и отпоздравува.
Веројатно зависи од тоа каде давам интевју, ако сум во Британија, најдобриот дел од мене е британски, и обратно ако сум во Америка. Причината заради која сакав да имам американски пасош е политичка, јас сум силно политички освестен и мотивиран. Никогаш не ја користам сцената или мојата музика во политички цели, но приватно сакам да сум вклучен во она што политички се случува. Сакав да имам „глас“ за време на Bush – Cheney ерата, а не само да седам во мојата фотеља и да се жалам. Сакав да имам „глас“ и да гласам за да имам можност да направам разлика/промена. Многу е важно да гласате! А не само да седите и кукате за владата. Сменете ја, ја имате моќта.
Сега ми се наметнува прашањето... Претседателските избори во САД 2016?
Ох, ми поставуваш прашање за кое не сакам да зборувам јавно... Но, ако дозволам мојата музика бесплатно да се користи за време на кампањата на Обама, мислам дека тоа го одговара твоето прашање.