Падот на новогодишната забава од работа

Годинава 65% од анкетираните компании изјавиле дека ќе организираат забава за новогодишните празници. Во 2012-та биле 72%, во 1998-ма се дури 83%.

За разлика од врвот на рецесијата во 2009-та, денес парите не се причина за откажување на новогодишната забава. Штедењето било ставка само кај 6% од испитаниците.

"Можеби тие сфатиле дека едноставно на никој не му недостасуваат овие забави," објаснува директорот за анкети на Друштвото за менаџмент на човечки ресурси, Еврен Есен.

Слично објаснување има и директорката на човечки ресурси на Олд Лајн банката, според која вработените и онака веќе имаат премногу настани во овој период на годината. Конкретно оваа банка се има откажано од прославите за да не им инсистираат на вработените да се појават за прослава за време на викенд или да им одземаат од времето после работа.

Во студија од 2010-та на темава, најголем дел од вработените изјавиле дека тие попрво би прифатиле пари како подарок, отколку да стојат со пијачка со колегите.

Во последно време, по рецесијата, и компаниите кои продолжија да ги организираат овие забави гледаат тоа да биде што е можно поскришно и дискретно, без да се шири многу инфо околу тоа.

1 декември 2015 - 15:44