Раскинувања, поволно

Кажуваш негово или нејзино име, даваш контакт, плаќаш 30 долари и компанијава го спроведува целото раскинување во твое име, без да треба да кажеш ни збор. Логиката зад целиот бизнис е - луѓе му плаќаат на Тиндер за да ги внесе во врска, зошто да не плаќаат за некој да ги извади од таму.

Опциите што ги нуди Брејкап шоп се:
- раскинување по меил - 10 долари
- раскинување по порака на мобилен - 10 долари
- стандардно писмо за раскинување - 20 долари
- адаптирано писмо за раскинување - 30 долари
- раскинување преку телефонски повик - почнува од 29 долари.

Корисниците на сервисот имаат и опција за испраќање подарок за поранешниот партнер/ка од типот претплата за Нетфликс или примерок на Call of Duty. Исто така имаш опција овие подароци да ги купиш и за самиот себе.

Целата процедура е прилично стандардизирана. Кај нив на сајт избираш тип на раскинување, додаваш во кошничка, оставаш твој контакт и плаќаш. По ова ти стига меил со основни информации за идниот бивш/бивша, дали сакаш ти да им дадеш текст по кој треба да раскинат или нивен ќе биде текстот и во колку часот сакаш тоа да се случи.

Еден автентичен разговор:

За сега еден од главните проблеми на бизнисот е што е премногу нов и луѓето се уште мислат дека се работи за заебанција.

13 ноември 2015 - 10:24