Таг: раскинување

Јазични сигнали: начин на зборување кој најавува раскинување врска

Кога не се задоволни од врската луѓето обично не зборуваат директно за тоа. Можеби не сакаат да си го признаат, или сметаат дека станува збор за период кој може да се надмине. Но начинот на кој се изразуваат во врска со себеси и другите може да содржи скриени сигнали.

Раскинувања, поволно

Кажуваш негово или нејзино име, даваш контакт, плаќаш 30 долари и компанијава го спроведува целото раскинување во твое име, без да треба да кажеш ни збор. Логиката зад целиот бизнис е - луѓе му плаќаат на Тиндер за да ги внесе во врска, зошто да не плаќаат за некој да ги извади од таму.

Зошто луѓе раскинуваат заради Икеа?

Каталогот и изложбените простори на познатиот производител на мебел се идеализиран дом во кој владее мир и хармонија. Но купувањето, а особено составувањето мебел од Икеа е чест повод за распаѓање на врски. Во услови на лажна хармонија најлесно доаѓаат до израз деталите од  реалната нехармонија.

А ова е твојот мозок после раскинување

Главниот проблем со раскинувањето е што е многу помалку забавно отколку заљубувањето во некого. Во пракса, откажувањето од вашиот партнер за организмот е слично како и откажување од кокаин (освен ако партнерот не бил потоксичен, па целата работа да е бетер).