А ова е твојот мозок после раскинување

Главниот проблем со раскинувањето е што е многу помалку забавно отколку заљубувањето во некого. Во пракса, откажувањето од вашиот партнер за организмот е слично како и откажување од кокаин (освен ако партнерот не бил потоксичен, па целата работа да е бетер).

По основа на 20-годишна работа на проблемот, неврологот од Јешива Универзитетот, Луси Браун, објаснува дека кога си во врска со некого, ти чувствуваш вистинска глад за него.

"Системот кој прави да се поврзеш со некого е на исто ниво со системите за жед и глад," објаснува Браун.

Ова е сместено во старите "рептилски" делови од нашиот мозок, кои функционираат на несвесно ниво. Кога си стварно жеден, токму овој дел од мозокот блокира се што не е поврзано со повторна хидратација, за да те натера на крај да се напиеш вода. И кога конечно ќе се напиеш вода, таа има одличен вкус.

Користењето дрога се базира на истиот систем на награди, а комплетно исто се случува и кога ќе запознаеш некого: "кога ќе се заљубиш во некого и само сакаш да бидеш со него, тоа е истото ниво на жед."

"Деловите од мозокот кои се одговорни за когнитивни работи, како перцепција, се многу поиндивидуални и зависат од твојата личност. Меѓутоа основниот нагон кон друг поединец, кон друга личност, нагон кон емоционална заедница, нагон да се биде со нив, е на потсвесно ниво," појаснува докторката.

Токму влегувањето во потсвест е причината зошто раскинувањата се толку болни што според научните истражувања тие го активираат истиот дел од мозокот што се активира кога на забар ќе ти погодат нерв (без анестезија).

Една од работите кои ја правиме кога ќе се заљубиме е што почнуваме другата личност да ја вклопуваме во нашиот идентитет или како што велат 'подобра половина.'

Психолозите имаат мерка и за ова, која се нарекува Размер на интеграција во себе. "Без разлика на твоите чувства (дали си лудо заљубен или не) кон човекот од кој што се одвојуваш, кога се разделуваш ти губиш дел од себе. Ти нив ги имаш внесено во својата перцепција за тоа што си ти, и сега таа половина ја нема."

"Ова е како да си го скршиш зглобот на рака. Треба да одвоиш време за да се погрижиш за него и за себе. Времето е тоа што ќе го залечи скршениот зглоб, и времето е тоа што ќе ја залечи раната од раскинување со некого," ја појаснува Браун механиката за залечување на проблемот.

Феминистката писателка и критичарка Глорија Стајнем дава интервју кратко откако го губи својот сопруг. Таму ја прашуваат дали е депресивна.
- Не сум депресивна. Тажна сум.
- А во што е разликата?
- Кога си депресивна, ништо нема никакво значење. Кога си тажна се' има некакво значење.

Проблемот е што сеќавањата од врската "сами по себе стануваат битие, кое ќе ти влета во соба, ќе ти го растури целиот мебел и ќе ти ја изеде целата храна."

"Не можеш да му се раздереш за да го сопреш и не можеш да го оставиш така да продолжи. Начинот на кој го припитомуваш е ти самиот да останеш смирен, и да бидеш со него се додека самото тоа не се смири," објаснува авторката на The Wisdom of A Broken Heart, Сузан Пивер.

Таа појаснува дека една од главните карактеристики на "скршеното срце" е опсесивноста: "не можеш да престанеш да размислуваш како би излегле работите ако беше малку повисок или понизок или помалку или повеќе чувствителен или ако подобро комуницираше или ако речеше нешто друго во кавгата или ако многу појасно ги објаснеше твоите потреби или ако порано ја скратеше косата."

 

15 јули 2014 - 13:46